Законодавно-правна комисија: Нема потреба од автентично толкување на член што не постои

Во образложението, пратеникот Костов нагласи дека основната причина била нивната убеденост дека во правниот поредок на нашата држава повеќе не постои членот 11 од Законот за помилување донесен во 1993 година, со кој претседателот на државата во одредени околности може да даде помилување и надвор од редовната постапка

Дескоска за НОВА: „Уставот се силува“

Ѓорге Иванов е пред дилемата: да се однесува согласно уставната пракса од 1992 година и да го даде мандатот на кандидат на втората партија по број на пратеници или да признае дека згрешил, односно направил злоупотреба првиот пат кога го дал мандатот на г. Груевски и да си поднесе оставка заради кршење на Уставот