Browsing: учебна година

Првото полугодие го одбележаа „есенските“ преговори на СОНК со Министерството за образование и наука за повисоки плати, а во второто и учениците и наставниците, се соочија со нова и досега непозната ситуација што ја наметна пандемијата со Ковид-19. Со одлука на Владата во април, оваа година ќе нема државна матура, па матурантите ќе може да конкурираат на уписите на факултет со дипломата за завршено средно образование

„Нашиот синдикат утре ќе штрајкува, а настава ќе има од вторник. Нашите членови и сите други кои не се наши членови, а сакаат да се приклучат кон штрајкот, ќе бидат во штрајк. Тоа значи дека ќе одат на работа, ќе бидат во просторија одредена за штрајк, но нема да ги извршуваат воспитно-образовните обврски и нема да ги прифаќаат учениците дојдени на училиште“, рече јаким Неделков, претседател на СОНК

Министерот за образование и наука ги повика директорите и наставниците во основните и средните училишта да се подготват за утрешниот прв училишен ден, затоа што, како што рече, едукацијата на учениците не треба да има застој, а особено не треба да се дозволи разочарување на првачињата кои првпат ќе седнат во училишните клупи