Министерството за образование и наука (МОН) ја известува јавноста дека учебната 2017/2018 година за јавните основни и средни училишта ќе започне на 4 септември (понеделник). Причина е што 1-ви се паѓа во петок.

Календарите за организација на учебната 2017/2018 година во јавните основни и средни училишта ќе бидат објавени во „Службен весник на Република Македонија“.