Пациенти со три ретки болести во исчекување на тендерот за лекови што живот значат

Според податоците, во Република Македонија има околу 450 пациенти со ретки болести, но според Весна Алексовска, претседателка на здружението „Живот со предизвици“, смета дека ако се регистрират сите пациенти со ретки болести нивниот број ќе достигне до 2.000. Од Министерството за здравство, пак, посочуваат дека годинава значително е зголемен буџетот за програмата за ретки болести и тој изнесува 380 милиони денари за разлика од лани кога биле одобрени финансиски средства во износ од 224 милиони денари