Како се рашири епидемијата на лаги против 5Г технологијата

Три дена пред официјализирање на полноправното членство на С. Македонија во НАТО, на социјалните мрежи започнува масовна кампања за тоа дека здравјето на граѓаните е изложено на штетното зрачење на 5G технологијата. Во контекст на овој лажен наратив злоупотребена беше информацијата дека членството во НАТО подразбира и исполнување на сите стандарди на организацијата меѓу кои и воспоставувањето на безбедни комуникации вклучувајќи ја и 5G технологијата доколку е воспоставена во било која од земјите членки на Алијансата