Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Вистината за Смилковско е во рацете на правосудните органи

0
By Нова ТВ on April 12, 2018 ПОЛИТИКА
Заев по рочиштето за Поткуп
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 12, 2018 16:43

Правосудните инстанци треба да ја донесат и вистината и правдата поврзани со случајот за петкратното убиство кај Смилковското езеро и јавноста да ги знае сите детали, изјави денеска премиерот Зоран Заев пред Кривичниот суд по завршувањето на рочиштето за случајот „Поткуп“.

Посочи дека континуирано има средби со членови на семејствата на децата кои беа убиени на денешен ден пред шест години кај Смилковско езеро.

„ За случаите за кои е посебно заинтересирана јавноста, како што е Никола Младенов, Смилковско езеро, кумановските настани,  јавноста треба да ги знае сите детали, комплетната вистина и Македонија да дочека правда онака како што е согласно Уставот и законот. Ако сакаме да бидеме држава, а ако не, тогаш остануваат интригите, шпекулациите и паѓа довербата во институциите. Само преку комплетна вистина и преку комплетна правда може граѓаните да веруваат во институциите на системот“ нагласи Заев.

Тој посочи дека досега ниту алудирал, ниту треба некој политичар да алудира  да биде обвинител, истражител или судија.

„Наша должност беше да ги дадеме оние коментари кои како граѓани ги чувствуваме, а должност беше и да ги предадам материјалите на истражните органи . Само тие можат да кажат до каде е истрагата, во кој правец се истражува, какви докази се обезбедени, дали тие докази потврдуваат дело или потврдуваат  некој друг правец. Секој мој дополнителен коментар е навистина мешање во правосудството. И таму не е моја работа“ рече Заев.

На денешен ден пред шест години кај Смилковското езеро беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

За петкратното убиство кај Смилковското езеро беше отворен предмет „Монструм“, а на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута.
Врховниот суд во ноември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири,

Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. За судот се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници.

Минатиот месец случајот „Монструм“ го презеде Специјалното јавно обвинителство. Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева рече дека очекува судскиот процес да продолжи во април во фаза во која бил прекинат и оти се подготвени да го презентираат предметот пред судот.

вистина Зоран Заев петкратно убиство правда правосудни инстанци Смилковско езеро
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.