НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тајните мисли на претседателот

0
By Светлана Јовановска on October 15, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

“Претседателот не треба така да зборува” е насловот на книгата во која францускиот претседател Франсоа Оланд им се доверува на двајца новинари од весникот Ле Монд на неколку месеци пред претседателските избори во Франција закажани за мај 2017 година.

Книгата се појави во книжарниците на 13 октомври, истиот ден кога беше објавена и книгата “Писма на Ан”, книга во која се објавени писмата на поранешниот и починат француски претседател Франсоа Митеран до неговата тајна љубов Ан Пинжо.

Новинарите Жерар Даве и Фабрис Лом се сретнале со престедателот 61 пат “без советниците на претседателот, во текот на десетина вечери во Елизејската палата и седум или осум пати кај него дома”, објаснуваат новинарите. Целта на овие средби била да им се овозможи на новинарите да ги слушнат и запишат сведочењата на Оланд.

Книгата ги пренесува мислењата на Оланд за неговите колеги политичари од сите партии, за неговата бивша сопруга Сеголен Роајал, за неговата екс партнерка Валери Тривајлер, за неговата сегашна партнерка глумицата Жули Гајет.

Саркози

Оланд не е нежен со неговиот претходник во Елизејската палата Никола Саркози. Оланд не може да ја поднесе Сакрозиевата “желба за пари, неговата лошотија и цинизам”. Па дури ни “невкусната” декорацијата на бањата во Елизејската палата која ја направиле Саркози и неговата сопруга Карла.

Според новинарите, Никола и Франсоа се сосема различни но околу прашањата за идентитетот, имиграцијата и исламот во Франција помеѓу нив има заеднички точки:

“Вистина е дека има проблем со исламот. Тука нема сомнение. Мислам дека има премногу луѓе што пристигнуваат, имиграција која не би требало да биде тука”, се доверува претседателот.

Но, доколку во вториот круг на претседателските избори влезат Саркози и лидерката на есктремната десница Марин Ле Пен, Оланд уверува дека тој ќе гласа за Саркози без трошка колебање.

Како потсетување, слично сценарио во Франција се случи во 2002 година кога во вториот круг на изборите влегоа десничарот Жак Ширак и тогашниот лидер на екстремната десница и татко на Марин Жан-Мари Ле Пен. Во вториот круг Ширак доби 80 отсто гласови со поддршка на сите демократски партии во земјата. Слично сценарио за 2017 година не е исклучено.

Сеголен Роајал

Потоа следат нежни зборови за неговата екс сопруга Сеголен Роајал, мајка на неговите 4 деца но искусна политичарка и кандидат за претседател во 2007 година кога стаса во вториот круг и изгуби од Саркози. Таа денес е министерка за екологија во француската влада. Оланд раскажува како била среќна што е во владата:

“Беше среќна, трогната, разменивме еден поглед и ете, тоа е убава приказна”, вели Оланд.

francois-hollande-and-segolene-royal-47757669

Сеголен Роајал со претседателот кога стана министер за екологија

Валери

Тонот се менува кога зборува за неговата екс партнерка новинарката Валери Тривајлер со која беше во врска кога влезе во Елизејската палата:

“Таа беше болно љубоморна. Нејзина опсесија не беше Жули или некоја друга, туку Сеголен”, вели Оланд и додава: “Не можеше никако да се смири. Беше уверена дека Сеголен ќе се врати”.

1346239632_816175_95

Валери, Франсоа и Сеголен

Оланд тврди дека раскинот со Валери бил најтешкиот негов интимен момент откако е претседател. По раскидот таа напиша книга “Благодарам за овој момент” во која беше бестселер во 2014 година во Франција. Ви книгата Валери пренесува еден разговор во кој Оланд, зборувајќи за сиромашните, рекол дека тие се “луѓе без заби”:

“И реков – гледам многу луѓе кои ми пристапуваат на разни манифестации, сиромашните луѓе се без заби”, се доверува Оланд и додава дека не и простува што тоа го напишала на таков начин: “Тоа е одвратно, тоа е предавство. Кога велам дека ги сакам луѓето ја зборувам вистината”.

Жули

Врската со глумицата Гаје почнала во 2013 година. “Се гледаме редовно но не толку често колку што би сакале”. На прашањето дали сака да ја официјализира врската тој вели “не”, иако таа “страда поради ваквата ситуација” и сака да се венчаат.

4349577_6_3def_julie-gayet-reclame-50-000-euros-de-dommages_dce0841bf8f0bebac31d49d461519f6e

Жули Гаје

Оланд го цени својот претседателски мандат како “клетва” поради терористичките напади или предавствата на некои од неговите министри.

Министерот за буџет Жером Каузак даде оставка бидејќи беше фатен во лага и не признавал дека поседува сметки во странски банки. Или министерот Емануел Макрон во кој одлучи да ја напушти владата и да се кандидира за претседател вон од Социјалистичката партија.

Од книгата може да се открие дека Оланд е осамен во претседателската палата но очигледно има намера да се кандидира повторно за претседател.

“Не ми е страв ако изгубам и нема да им се лутам на Французите” ако не го изгласаат.

Претседателските избори во Франција закажани за мај 2017 година.

Франсоа Оланд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.