Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Таксистите го прекинаа штрајкот,бегалците ќе се носат и со такси и со воз

0
By Менче Атанасова Точи on February 4, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Таксистите ја ослободуваат пругата кај Гевгелија, со што штрајкот кој траеше четири дена е прекинат. На состанокот кој штотуку заврши тие одлучиле да се даде рок од неколку дена во кои ќе се види какви ефекти ќе даде одлуката која ја донесе Главниот штаб, превозот на бегалците да се распореди меѓу таксистите и Македонски железници. Тоа значи дека Македонски железници во наредните денови ќе пуштаат по еден воз дневно, а останатите бегалци ќе ги превезуваат таксистите.

„ Штрајкот го прекинуваме, сега одам да им јавам да ја ослободат пругата на моите колеги. Се договоривме да видиме како во наредните денови ќе функционира мерката која ја донесе Главниот штаб, а тоа е возот навечер да ги превезува бегалците, а таксистите преку ден“, изјави за НОВА, Миле Ангелов, претседател на лиценцирани авто-таксисти од Гевгелија.

Но, одлуката која која вчера ја донесе Главниот штаб е времена и се однесува на наредните неколку дена.

„Одлучено е еден воз дневно да обезбедат Македонски железници, а останатите бегалци да бидат превезувани со такси возила и со автобуси. Нема долгорочна мерка. Главниот штаб се состанува секоја среда и ќе видиме како ќе функционира мерката. Доколку е потребно, во зависност од состојбата и бранот на бегалци, може да има состанок на повисоко ниво, односно Управувачкиот комитет, кој го сочинуваат министрите и директорите на инволвираните институции“, изјави Надица Вчкова портпарол во ЦУК.

Дознавме дека на ваквата одлука реагирале од Македонски железници. Борбата за профит од бегалската криза ги скара Македонски железници и таксистите. Додека возовите сообраќаат преполнети со бегалци, во нехумани услови, таксистите бараат и тие да имаат можност да ги превезуваат на подостоинствен начин.

Во Македонски железници еден билет до Табановце го наплаќаат по 1500 денари. Бегалците често пати се жалат дека не добиваат фискална сметка од кондуктерите и дека билет им наплаќаат и на инвалидите и на бремените жени кои стојат или седат по подовите.

Надлежните велат дека ова е добар момент Македонски железници да поработат на реконструкција на шините и да ги реновираат возовите кои сообраќаат во очајна состојба, без прозорци, со искршени седишта и врати.

И додека во Македонија се води борба за профит од бегласката криза, Европската унија информира дека ниту побарала ниту ниту ќе бара со посредство на европскиот фонд за згрижување на бегалците од сирискиот конфликт, дел од бегалците трајно да се населат во Србија и во Македонија. Таквите тврдења пренесени на еден бриселски портал не се точни, пренесува српската агенција „Бета“ повикувајќи се на извори од ЕУ и на дипломатски кругови во Брисел.

„Порталот euractiv.com, кој ја пренесе таквата инфомација ја исправи грешката наведена во извештајот за подготовките за утрешната донаторска конференција, за ЕУ Мадад фондот за регионално решавање на прашањата на сириските бегалци, изјавила за „Бета“, портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич.

Европски дипломатски извори нагласиле дека досега во разговорите меѓу ЕК и други институции од ЕУ со српската влада, единствено станало збор за привремен престој на мал број бегалци, во период од еден или два месеца.

Според „Бета“, Европската комисија потврдила дека средствата од фондот Мадад, во Србија и во Македонија ќе се користат за само за решавање на протокот на бегалците.

Реакцијата следува откако во почетокот на неделава неименуван официјален извор од ЕУ, за Еурактив потврдил дека дел од парите од фондот кој ЕУ го основала во 2014 година „ќе помогнат бегалците кои стигнале до Србија и Македонија да се задржат таму“.

Од МВР потврдуваат дека за подолго задржување на бегалците досега не било разговарано, но, „доколку бидат враќани од север и Македонија ќе мора да ги враќа во земјите од каде што дошле“, велат во од таму.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.