Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Талевски од СДСМ го повика Тошковски да си даде оставка, тој одговори: Срам ми е да ве слушам

0
By Marija Todorovska on April 3, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тошковски, кој одговараше на прашања поврзани со пожарот во Кочани, рече дека истрагата е во тек, и оти допрва ќе се знае колку лица ќе бидат опфатени од процесните дејствија од обвинителството и МВР.

Пратениците Миле Талевски од СДСМ и Блерим Беџети од ДУИ поставија неколку прашања поврзани со истрагата за пожарот во Кочани обвинувајќи за селективност, меѓу другото и одговорните во ОВР Кочани и СВР Штип кои вечерта биле на работа не се опфатени со истрагата. Тие исто така го повикаа Тошковски да поднесе оставка од морални причини.

Во одговорот до Талевски од СДСМ, Тошковски кажа дека му било срам да го слуша бидејќи бесрамно ја манипулира македонската јавност со факти кои се лага, со закони кои не постојат и членови кои се однесуваат на друга фактичка состојба се со цел на гневот и на бесот на македонските граѓаните политички да профитираат.

Јас ќе говорам врз основа на факти врз основа на истрагата без да манипулирам никого особено не македонската јавноста. Факт број еден – знаете колку кривични пријави поднесе МВР и против колку луѓе за трагичната несреќа во Тетово за Модуларната болница – 0, знаете против колку луѓе поднесоа кривични пријави – против 0, знаете колку кривични пријави се поднесени за трагичната несреќа во која загинаа 45 луѓе во Бугарија во ваше време – 0, знаете колку кривични пријави има за Ласкарци 0. МВР во овој предмет (Кочани) досега процесуираше две кривични пријави против 34 физички лица од кои 31 во моментов се во притвор каде што има членови на СДСМ, на ВМРО- ДПМНЕ, на ДУИ и ниеден од нив не е во оваа постапка заради тоа што е член или не е член на одредена партија заради тоа што Министерството и во соработка со ЈОРМ односно спровело наредба каква што дало ЈО туку  заради тоа што досега до овој момент се обезбедени докази за степен на основи на сомнение врз основа на коишто може да се процесуира кривична пријава. 34 физички лица, три правни лица досега, рече Тошковски.

Министерот потенцира дека истрагата е во тек и оти допрва ќе видиме колку ќе бидат опфатени откако ќе се спроведат сите процесни дејствија од обвинителството и МВР.

Талевски праша како е можно да не бидат предмет на истрага функционери кои вечерта биле на функции, а не презеле никакви мерки за спречување или заштита во дискотеката во Кочани, а меѓу нив и Томо Донев, началникот на криминалистичката полиција на Кочани. Според него, Донев бил близок до ВМРО-ДПМНЕ за што покажа фотографија на која се гледа дека тој е во партиски штаб.

Министерот кажа дека за Донев веќе се води дисциплинска постапка од внатрешната контрола во МВР.

Во однос на неговото присуство за разлика од претходно кога вашите ги наградувавте со медаљи кога присуствуваа каде ќе стигнеа, сега се води дисциплинска постапка во рамки на МВР и за повредата која ја сторил ако ја сторил и ако има доказ кој би го поврзале со фактот дека истиот е член или активно придонесува во рамки на некоја пшолитичлка партија соодветно ќе постапува за разлика од претходно, рече Тошковски.

На прашањето на Блерим Беџети во врска со Кочани, министерот за внатрешни работи рече дека МВР работела во координација и по наредбата на обвинителството. На прашањето за лиценцата и за тоа кој го држел овој бизнис отворен, Тошковски со контра прашање колку години функционери на ДУИ биле министри во Министерството за економија.

 Кој го држел овој бизнис отворен, освен што сте правник и висок функционер на политичка партија во Македонија не знам колку години 15-20 управуваше со тоа министерство. Колку години јас не памтам? Не ни памтам дека друг министер управувал со тоа министерство. И сега кој го одржел бизнисот со лиценците, незаконитостите со лиценците и сето она што е незаконски поврзано со Министерството за економија мене ме прашувате, рече Тошковски.

Додаде дека тој како министер нема да ја осуети постапката по ниту еден основ, но исто така повтори и дека „брат да му е ќе одговара“.

Талевски од СДСМ го праша Тошковски за притворениот припадник на МВР од обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски осомничен за тргување со информации.

Дојде време кога секој што се огрешил да одговара без разлика дали е градоначалник од ВМР, дали е градоналник од СДСМ без разлика дали е министер од ДУИ, што во ваше време беше незамисливо. Не можевте во очи да ги гледате, а не по случајно за нив процес да се води, рече Тошковски

Во однос на случајот со членот на обезбедувањето на Мицкоски, министерот рече дека за прв пат има процесна постапка, сега во фаза на основи на сомнение, иако е фатен на дело, за што Одделот за внатрешна контрола поднел кривична пријава.

Одделот за внатрешна контрола постапува во врска со полициски службеници. Таргети во конкретната акција беа тројца полициски службеници – едниот близок наводно до една политичка партија на власт, другата до политичка партија и високи фукционери во рамки на претходната власт итн, итн. Битно е народот да види надеж дека има некој кој што сака го спроведе законот еднакво за сите. И многу ми е жал што вашиот ментален склоп не може тоа да го свати, рече Тошковски.

друи Кочани пратенички прашања Талевски Тошковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.