Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Таравари го разреши директорот на Кумановската болница

0
By Marija Todorovska on March 19, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека е разрешен директорот на Кумановската општа болница Стефан Трајановски. Ја разгледал документацијата на државната санитарна инспекција и, како што рече, во министерството констатирале дека има предуслови да се разреши директорот на Кумановската болница.

Таравари денеска го посетил семејството на младиот кумановец кој почина на 17 март во Кумановската општа болница по примање терапија. Утре, како што најави, ќе биде назначен нов директор на болницата. Министерството разгледува две до три имиња од редовите на јавната здравствена установа од Куманово.

Бев во семејството да изразам сочувство на починатиот 32-годишен Ведат Адеми пред да дојдам тука. Го прочитав извештајот што беше подготвен од државниот републички санитарен инспекторат и во него може да се констатира многу лесно дека веќе има предуслови да речам за да се разреши директорот на Општата болница во Куманово. И веќе директорот е разрешен од таа позиција. Се надевам дека утре по консултации со колегите во министерството ќе назначиме нов директор на Општа болница во Куманово, изјави Таравари на градскиот плоштад од Куманово.

Таравари информира дека професионален тим од Министерството за здравство детално ќе ја разгледа целата документација која потоа ќе биде предадена на обвинителството. Таравари кажа дека сите кои водат институции и лекарите треба да одговараат ако има некакви пропусти.

Сега треба професионалниот тим којшто е направен од Министерството за здравство да дојдат и да ги разгледаат сите документи уште еднаш и потоа сите ќе бидат предадени на обвинителство, се надевам дека судството ќе донесе правична одлука доколку постои лекарска грешка. Меѓутоа треба да бидеме свесни дека и тие што водиме институции, па и тие што лекуваме пациенти, доколку има некакви пропусти мора да одговараат. Затоа од утре јас ќе ве известам и министерството ќе излеземе со името на новиот директор на Општа болница во Куманово, изјави Таравари.

Одговарајќи на новинарски прашања за конкретните пропусти утврдени од Инспекторатот, министерот за здравство Таравари рече дека не е коректно јавноста да дознае информации пред официјалните институции.

Јас не би сакал да зборувам за тоа. Мислам дека има одредени работи коишто се неправилни, не се како што треба, затоа веќе постојат и услови за да се разреши тој што ја води институцијата. И затоа ви кажав дека директорот е веќе разрешен. Јас мислам дека не е коректно пред јавноста да кажеме работи коишто треба потоа да се дадат и на професионалната комисија и на обвинителството да кажеме отсега меѓутоа мислам дека веќе постојат индиции и дека тој што организира работата во болницата требало да внимава да не се случуваат такви работи, рече Таравари.

Министерот за здравство рече дека во ресорното министерство разгледуваат два-три можни имиња за директор на Кумановската болница од редовите на самата установа и повтори дека утре ќе биде назначен.

 Не знам дали е информиран (директорот). Јас ви кажувам дека од министерство ние го разрешивме, изјави Таравари.

Во однос на статусот на лекарот кој го третираше младиот кумановец, Таравари рече дека не може да биде обвинител, судија и полицаец.

Јас тоа што можам да го направам како министер е да го разрешам тој што ја организира здравствената установа, додека има професионална комисија потоа се дава во обвинителство. Јас не можам да бидам обвинител и судија и полицаец. Јас мислам дека по инспекцискиот надзор од санитарна инспекција во Куманово, треба нов раководител и веќе од утре ќе биде поставен нов директор од редовите на болницата, рече Таравари.

Во однос на непрописно паркираните возила кои го доведоа министерот во близина на градскиот плоштад, Таравари рече дека треба да се казнат веднаш.

Одговарајќи на новинарски прашања за тоа дали е информиран коалицискиот партнер од чии редови е Трајановски, Таравари рече: „Секако, нон-стоп сме во координација, така што секако дека каде што има грешки едни од други бараме да има одредени промени и ги правиме“.

кумановска болница Таравари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.