Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Таравари ќе распишува тендер за нови здравствените картички

0
By Менче Атанасова Точи on August 5, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министертсвото за здравство најверојатно ќе распише тендер за фирма која ќе печати електронски здравствени картички. На овој начин планира времено да го реши проблемот со картичките чиј рок е истечен, а фирмата која ги печатеше стави клуч на врата поради несогласувања со претходното раководство, кое не им ги исплаќало редовно ратите. Електронските здравствени картички пратично не функционираат, а на 500 000 граѓани ќе им престане важноста на картичките до крај на годината. Фирмите почнаа да се враќаат сините картони.

„Ако можеме да најдеме некакво преодно решение да не чини многу би било идеално, но не знам колку е тоа технички возможно. Јас во понеделник имам закажано средба со директорите на Фондот за здравство и со службата за електронско здравство. Ќе седнеме ќе разгледаме за да најдеме најдобро решение за овој период од пет – шест месеци. Ако ништо друго барем да не се вратат плави картони, да се продолжат овие картички да функционираат или да одиме со нова набавка додека се организира нов тендер за нови картички’, изјави Таравари.

Тој најави дека во план е за две до три години личната и здравствената картичка да бидат во едно. Таравари рече дека разговарал и со министерот за внатрешни работи и се работи на оваа идеја.

„Идејата за таква картичка е одамна но,  не е реализирана. Ова е како идејно решение сега, но  може да се реализира во следните две до три години. За реализирање на две во едно, здравствена и лична карта веќе е разговарано со министерот за внатрешни работи, “изјави Таравари.
Во изминативе години повеќе пати имаше прекин и застој во печатењето на картичките. Хрватската фирма која го доби тендерот за изработка лани се повлече, а Министерството за здравство не распиша нов тендер. Здравствените власти не одговорија каде заглави тендерот, па така дел од граѓаните и покрај тоа што уплатија за картички мораа да одат на лекар со сини картони. Нјаголем дел од  46 000 вработени од здравствениот сектор и нивните семејства кои уплатија останаа без електронски здравствени картички.
Првите електронски здравствени картички беа испечатени во 2011-та година, а и покрај тоа продолжија да се користат здравствените книшки. Електронските картички ги заменија само сините картони, бидејќи во нив се содржеа само основните податоци и можеше да се види само дали пациентот е осигуреник на Фондот, но немаше информации за целата здравствена историја на пациентите.
Иако според првичните најави на тогашните здравствени власти беше предвидено да бидат бесплатни бидејќи за целиот проект имаше обезбедено 7,5 милиони евра, тогашниот министер за здравство Тодоров сепак одлучи електронските картички граѓаните сами да си ги купуваат. Од џебот на граѓаните за оваа намена се собраа од 7 до 8 милиони евра.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.