Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Таравари: Не сме преговарале за министерско место две недели

0
By Менче Атанасова Точи on December 17, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

И покрај информацијата дека неврохирургот Венко Филипче ќе биде новиот министер за здравство, а Алијансата на Албанците треба да го добие заменичкото место, од партијата велат дека таква понуда до нив не стигнала

Нема конечна одлука кој ќе биде новиот министер за здравство. Таква информација не стигнала до коалициониот парнер Алијансата на Албанците, ниту пак со нив било преговарано во последните две недели за ова, потврдија за НОВА од партијата на Села.

И покрај информацијата во јавноста дека неврохирургот Венко Филипче ќе седне во министерската фотеља, а Алијансата на Албанцитетреба да го земе заменичкото место во здравството, од партијата велат дека таква понуда до нив не стигнала. Арбен Таравари кој го заменува Зијадин Села додека престојува во САД, за НОВА потврди дека немало ниту преговори, ниту средба за ова во последните две недели.

„Немаме официјална информација з а ова, ниту пак ни е понудено заменичко место. Ние сме во постојана комуникација со меѓународниот фактор и тие се согласуваат дека треба да продолжиме, односно да си го задржиме местото на прв човек во здравството“, изјави Таравари за НОВА

Таравари потенцира дека има различни гледишта во партијата за заменичкото место или за можно излегување од Владата, но конечен став од партијата нема. Нивниот кандидат за министер е Вулнет Ферати кој работи како претставник на една странска компанија за лекови.

Сепак, извори од СДСМ брифираат дека тоа е завршена работа и дека Венко Филипче, најверојатно ќе биде новиот министер з а здравство. Кај социјалдемократите точката на вриење е на високо ниво во последните два дена бидејќи за ова место има неколку заинтересирани кандидати, како и внатре партиски лоби групи кои ги протежираат.

Последните информации говорат дека откако отпаднале Ферати и Дохчев, копјата се кршеле меѓу Филипче и Христијан Костов, актуелен директор на болницата “8 Септември“. Извори од партијата велат дека Филипче е нивниот избор и дека Алијансата ќе го изгуби местото.

Премиерот Зоран Заев пред два дена најави дека конечната одлука ќе биде доставена до Собранието во понеделник. Тој во изминатиот период најавуваше дека се избира човек, а не партија, но она што се случува во моментот го покажува токму спротивното.

Што ќе се случи, кој ќе седне на испразнетото министерско место во здравството дефинитивно се очекува да се знае во понеделник или најдоцна во вторник.

Министерската фотеља во здравството е празна повеќе од три месеци, откако Таравари се кандидираше за градоначалник на Гостивар. Во Министерството за здравство и воопшто во ниту еден ресор, во било која Влада не се случило толку долго да остане без министер.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.