Утрово почина поранешниот новинар, презентер на вести и во последните неколку години портпарол на ЕВН, Атанас Ковачевски.
Тој на јавноста ѝ беше познат од ТВ екраните како новинар во Канал 5 и во МРТВ, а во последните години работеше како портпарол на ЕВН.
Ковачевски почина на 50-годишна возраст. Колеги и пријатели се простуваат од него на социјалните мрежи.