Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Технички влади

0
By Нова ТВ on May 10, 2021 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Автор: Емил Димитриев

Во нашево исполитизирано општество изборите се секогаш актуелна тема, а со нив од пред четири години и новината наречена техничка влада за спроведување на изборите.

До сега имавме две технички влади, можеме да направиме споредба и да ја видиме нашата креативност како општество за вакви решенија. Главна задача на нашите технички влади е организирање на изборите. Замислете, идејата за вакво нешто дојде после повеќе од дваесет успешно реализирани избори, верификувани од домашни и меѓународни институции. Ова беше одлука на сите политички партии, што значи сите се согласуваат со потребата од неа, но и со поразителната порака дека е потребно техничка влада за да се реализираат кредибилни избори. Тоа апострофира дека наместо да прогресираме во овој дел ние сме покажале декадентни елементи во практикување на плуралната демократија. Ваквата влада е составена од претставници на позицијата и опозицијата значи со мешан состав, со т.н. дополнителни заменици министри и со механизам на врзани потписи.

Првиот ефект кој се добива во нејзиното работење е исклучително тензична, до максимум исполитизирана работна атмосфера, која продолжува со расцеп по политичка ориентација во вертикала по институциите и на крајот до нивна блокада.

Со ова ниво на политичка култура, првичната идеја за баланс на моќта во извршната власт и меѓусебна контрола, резултира со ситуација која на површина го открива политичкиот менталитет. Споредбата на двете досегашни технички влади дополнително ќе даде аргумент колку е издржано ова решение.

Голема е разликата помеѓу нив од аспект на ингеренции и можност за функционирање, демократичност и постигнат баланс во работењето и на крајот во квалитетот на спроведените избори. Во првата техничка влада не можевме да сметаме на претходно искуство кое е многу значајно за подобро функционирање. Имавме две пролонгирања на денот на изборите со тоа неколкукратно се зголеми нејзиниот мандат. Врв на ограничувањето во работењето беше тоа што поголемиот дел од периодот функциониравме без собрание, тоа беше распуштено пред изборите, а по изборите беше блокирано. Во ситуација кога не можевме да сметаме на функционално собрание, во ек на политичка криза, мигранска криза и поплави со човечки и големи материјални загуби во Скопје, ние ја немавме ‘’привилегијата’’ како втората техничка влада да можевме да носиме уредби со законска сила кои и тогаш беа неопходни. Главен фокус беше, да се задржи функционалноста на институциите, да се справиме со мигрантската криза, да ја одржуваме меѓународната комуникација, да ги санираме штетите од поплавите и да продолжиме со реализација на започнатите проекти.

Во делот на присуството на опозицијата целосно и до крај го испочитувавме договореното помеѓу партиите. На крајот реализиравме избори кои беа признати со позитивни оценки од домашната и меѓународната јавност.

Втората техничка влада по ингеренциите што ги доби не личи да го носи името техничка.

Со околу 150 донесени уредби со законска сила, дел без поврзаност со пандемијата, имаше неограничена моќ, без ефективна контрола, работеше надвор од духот на плуралната демократија. Балансот кој го правевме ние во насока на почитување на ингеренциите на опозицијата беше сон за сегашната опозиција. Аргументи за ова се бројот на поништени иницијативи и до крај нереализирани кадровски поставувања од опозицијата, посебно во министерството за труд и социјална политика. Со еден збор гледавме манифестација на висок дефицит на демократска култура и капацитет за заедничко владеење. Амбиентот и начинот на кои се реализираа изборите, дополнително ја зголемува разликата со првата техничка влада. Политички влади претходно колку толку внимавале да не се врши поткуп или притисок во изборието. Оваа влада која е ‘’наменска’’ за реализација на подобри избори, манифестираше невидена бруталност за масовен поткуп со доделување на тн ваучери, вработувања во очи на избори, масовна злоупотреба на пандемијата и носење мерки директно спротивни на слободни, фер и демократски избори.

Да резимирам пред нас се доволно аргументи сериозно да го приспитаме ова решение, техничка влада за спроведување на избори. Да поработиме на подигање на демократската свест и одговорност, да фатиме чекор со земјите кон кои претендираме да бидеме во друштво. Изборите треба да ги организира политичката влада која е на власт, затоа што владите може да имаат различни програми за работа, но задолжтелно за сите нив е демократијата и владеење на правото. Спроведување на избори е тест за демократијата и одраз на начинот на владеење. Наместо да трошиме енергија на формата да ги решаваме проблемите во нивната суштина.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.