Поголемиот дел од производите во сите продавници на Техномаркет ќе бидат намалени и до 80% почнувајќи од утре.
Со оваа акција, која ќе започне во петок, на 29 ноември, а ќе трае до понеделник, 2 декември 2013 година, компанијата му се приклучува на светски популарниот настан, Црн петок (Black Friday) кој е најава за почеток на божиќните и новогодишните попусти.
Во текот на викендот, најголемиот ланец на продавници за бела техника и апарати за домаќинство, Техномаркет, за прв пат ќе им овозможи на граѓаните купување на вредни предмети за домаќинство по многу ниски цени, како што најавува овој ланец.
ВИДЕО: Црниот петок во Америка