НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Текстилниот сектор пред колапс, доколку не се донесе петтиот пакет мерки

0
By Нова ТВ on April 11, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Над 6 000 текстилни работници во земјава минатата недела се испратени дома, на колективен одмор, кој ќе им трае две недели. Бизнис секторот оваа одлука, која силно одекна во текстилните градови Штип, Прилеп и Кочани ја образложија, со тоа дека немаат ниту нови нарачки од странските партнери, ниту пак државна помош во исплата на плати, која е заглавена со Собранието.

Претставникот на штипските текстилни конфекции во Кластерот за текстил, Кирил Нашков вели дека оваа е преодна фаза и се во исчекување, што ќе се случи деновиве.

– Се надеваме дека вработените ќе ги вратиме назад на работа. Секако ако остане ваква црна сликата, моја претпоставка е дека дел од вработените воопшто нема да бидат повикани назад на работа. Но, каква ќе биде иднината понатаму ќе мора да почекаме, се надеваме дека вработените ќе ги вратиме назад на работа. Ако остане ваква црна сликата, моја претпостапка е дека дел од вработените воопшто и нема да бидат повикани да се вратат на работа, вели Нашков за МИА.

Над половина од штипските тектилни работници се на колективен одмор. Машините во погонети стивнаа, а автобусите со работниците изминатите шест дена  во раните утрински часови и попладне не го прават сообраќајниот метеж низ штипските улици. Околу 7 000 работници работат во штипските конфекции, а според проценките на Нашков на принуден колективен одмор се околу  3 500 работници,  вработени во околу 70 конфекции. Посочува дека државната помош од петтиот пакет на мерки не е за спас на фирмите, туку е за спас на работните места во реалниот сектор, кој се соочува со низа на проблеми и неизвесност, поради пандемијата и мерките во земјите од ЕУ, од каде што им пристиугнуваат и нарачките за работа.

-Цело време ние инсистираме да се зборува за спасување на работните места, луѓето тоа малку го разобличуваат и говорат за спасување на фирмите. Напротив се работи за спасување на работните места. Ако добиеме помош од Владата, веројатно многу работни места ќе бидат зачувани. Затоа што компаниите ќе бидат во состојба да го сочуваат, спасат работните места, меѓутоа ако нема помош издатоците се премногу големи, за да фирмите ги издржат, вели Нашков.

Забележува дека во Штип има помали текстилни фабрики, кои веќе ставија клуч на врата, а работниците се веќе на списокот на невработени.

-Кај поголемите фирми имаме отпуштања кај дел од вработените, тие веќе го намалија бројот на вработени. Фирми коишто целосно затвараат се  главно помалите, кои имаат вработено до 50 луѓе, вели Нашков.

Посочува дека на еден менаџер на текстилна компанија најтешко му е да донесе одлука, за  да си замине на  вработен кој над 20 години работи во неговата фирма. Штипскиот бизнис сектор апелира веднаш да се донесат мерките, бидејќи од понеделник почнуваат последните седум дена од принудниот колективен одмор за работниците, по што мора да ги донесат конечните одлуки.

Претседателот на Организација на работодавачи, Ангел Димитров за МИА вели дека се надева оти конечно пратениците ќе помислат на народот, работниците во реалниот сектор.

-Работниците се пуштени на одмор, користат две недели од годишниот одмор за 2021 година.  Се надевам дека пратениците конечно ќе помислат на народот, а не на партиите. Во моментов немаме волшебно стапче, ова е преоден период, доколку не се донесе петтиот пакет на маерки, од компаниите први ќе си заминуваат работниците со договори на определно, а потоа ќе следи и прогласување на технолошки вишпок, вели Димитров.

Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ вели дека уште пред две недели алармирале дека ова ќе се случи, поради политички калкулации, а најголемиот удар ќе биде врз работниците од текстилниот сектор. Апелира пратениците веднаш да го донесат петтиот пакет на мерки, оти сиромаштијата им чука на врата на работниците. Голем број од штипските конфекции ја немаат исплатено февруарската плата, а работниците останаа и без здравствено осигурување во време на пандемија.

-Она што го алармиравме минатиот период благодарение на вас медиумите, еве се случува работниците се пуштени на колективен одмор, поради недонесување на петтиот сет на мерки. Текстилните комапнии во Штип и источниот регион немаат веќе работа, ги завршија последните налози. Изминатиот викенд имавме јавувања за трансформации на договорите за вработување од неопределено на определено, бидејќи работодавачите немаат сигурност за тоа дали ќе имаат работа, нарачки наредниот месец. Затоа требаше да бидат донесени мерки, за да не се случува ова и вработените да имаа некоја сигурност. За жал политичките калкулации во Собранието си продолжуваат и тоа сето е на штета на работниците, вели Ампева за МИА.

Бизнис секторот и експертите бараат државната помош да продолжи до јуни

Проценките се дека  веќе кон половината на годината ќе се знае дали текстилниот сектор  ќе опстане. Нашков посочува дека  опствениците се надеваат дека во јуни ќе имаат нарачки и ќе се знае реално состојбата во текстилниот сектор. Во моментов конфекциите немаат нарачки за шиење на модна облека, се шијат само униформи, а само мал дел облека за медицинскиот персонал.

 

Дарко Лазаров професор на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип се согласува дека проблемите во текстилниот сектор се резултат на светската криза, која е предизвикана од пандемијата и намалување на нарачките од странските партнери.

-Во таа насока единствено нешто што може да се направи во овој момент е да се амортизираат, тие штетни ефекти е да се помогне на текстилните компании, особено на работниците и државата во таа насока апелирам да размисли и ја продолжи мерката за субвенционирање на плати во приватниот сектор, особено во најпогодените сектори, а особено во вториот квартал од 2021 година. Со тоа што ќе ја продолжи таа мерка и за месеците април и мај. Ние знаеме дека сега во петтиот пакет единствено се вклучени февруари и март, вели Лазаров за МИА.

Забележува дека кога се одлучувало за мерките, во тие моменти, проекциите биле дека кризата ќе престане или нема да биде во толкав интензитет, во вториот и третиот квартал од 2021 година. Прашан како оваа состојба ќе се рефлектира врз локалната економија, со потенцијален број на невработени, Лазаров со одговор дека тоа ќе се мултиплицира.

-Практично треба да знаеме дека вработените во индустријата, во преработувачката индустрија, а особено во текстилната, индустријата за облека во Штип, како доминатни сектори, коишто се во рамките на преработувачката индустрија имаат силни поврзани ефекти и врски со останатите услужни дејности. Некои анализи покажуваат дека, тие се еден спрема два. Што значи едно загубено работно место во текстилната индустрија, голема е веројатноста да повлече дополнителни две работни места во услужниот сектор, вели Лазаров.

Прашан каде го гледа решението, откако би се стабилизирала економската ситуација, Лазаров со одговор дека подолго време работи токму на темата  „Структурна трансформација на македонската економија, а особено на градот Штип“, бидејќи е неповолна структурата и најголем дел од вработените се заглавени во трудоинтензивните дејности.

-Од друга страна тие индустрии, видовме дека во изминатиот период не се модернизираа, не се дигитализираа, автоматизираа, па во таа насока мислам дека државата треба да посвети многу поголемо внимание во оваа насока. Треба да се изгради, нова развојна стратегија, којашто ќе биде базирана на овие постулати, како да се преструктуира економијата, преку активно учество на државата, рече Лазаров.

Смета дека на трансформацијата на македонската економија мора да се работи системски, на долг рок, а не ад хок.

Текстилниот сектор оди по надолна линија, заедно со кожарската индустрија. Црното сценарио најмногу ќе го погоди истокот, бидејќи дури 40 отсто од текстилните и кожарските фабрики се лоцирани во овој регион.

 

извор/МИА

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.