Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Телеграф: Коалицијата на добронамерните ја менува тактиката – од помош на Украина кон притисок врз Русија

0
By Zoran Ivanov on October 25, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 25, 2025 10:11

Таканаречената „коалиција на добронамерните“ направи значајна промена во својата тактика против Русија, преминувајќи од директна помош на Украина кон напори за вршење политички и дипломатски притисок врз Москва во соработка со САД.

Како што објави британскиот весник „Телеграф“, таа промена претставува „нов чекор во стратегијата на Западот“, кој се стреми да го префрли фокусот од директна воена поддршка на Киев кон обид за наметнување услови на Русија преку меѓународни иницијативи кои формално се претставуваат како „мирни“.

Според извор на весникот, британскиот премиер Кир Стармер се обидел да ги убеди лидерите на европските земји што ја сочинуваат „коалицијата на добронамерните“ да ги насочат своите приоритети кон „координирано политичко дејствување“. Фокусот е на идејата за формирање европски мировни сили, кои, под изговор за следење на евентуален мировен договор, во суштина би имале задача да го ограничат просторот за маневрирање на Москва.

Претходно, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека Европската унија ќе го заостри својот пристап кон Русија, преминувајќи, како што рече, „од постепено зголемување на притисокот кон построги мерки“. Таа оцени дека во сегашните околности „вршењето дополнителен притисок врз Москва е разумна и неопходна одлука“.

Коалицијата  основана од Велика Британија и Франција, досега се фокусираше на координирање на воената помош за Украина. Новиот тек на дејствување, како што истакнуваат аналитичарите, би можел да го означи почетокот на поширок обид на Западот да го редефинира текот на конфликтот преку политички и безбедносни структури и дипломатски да ја изолира Русија.

 

коалиција такика Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 17, 2026

УНЕСКО: Толку беше – Охрид во опасност

ВЕСТИ July 17, 2026

Напредокот е недоволен, а заканите за Охридскиот Регион и натаму се сериозни. Во најновиот извештај,…

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

July 16, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

July 14, 2026

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.