Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, упати телеграма со сочувство до семејствата на загинатите во сообраќајната несреќа во Република Бугарија.
– Во мое лично име и во име на бизнис заедницата изразувам длабоко сочувство за болката и страдањето на семејствата и роднините на загинатите во страотната сообраќајна несреќа, и посакувам брзо закрепнување на повредените во оваа тешка катастрофа. Нашите мисли ги упатуваме кон оние кои ги загубија своите најсакани.