Вселенскиот телескоп Џејмс Веб пронајде галаксија која постоела пред 13,4 милијарди години, само една недела откако на светот му беа прикажани првите слики од телескопот, изјави за AFP Рохан Наиду од Центарот за астрофизика на универзитетот Харвард.
„Галаксијата GLASH-z13 датира од 300 милиони години по Големата експлозија, или околу 100 милиони години порано од било што претходно идентификувано“, изјави Рохан Наиду .
Телескопот Џејмс Веб, кој веќе десет дена е на насловните страници во научните кругови, успеа да забележи галаксија која постоела кога вселената била стара само 300 милиони години, што е неверојатно достигнување.