Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Темата на кандидат за член на Претседателството во медиумите: Навивачкиот пристап против логиката на аргументите

0
By Нова ТВ on April 2, 2018 ВЕСТИ
Претседателството на Босна и Херцеговина
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува Суад Бегановиќ, Прометеј, Босна и Херцеговина

Во Босна и Херцеговина, кампањата за изборите кои ќе се одржат во октомври оваа година, на големо почна уште пред неколку месеци. Па така, зовреаната атмосфера потпомогната од големите проблеми на водечката босанска партија, изроди многу политички комбинации кои порано беа незамисливи.

Големите социјални проблеми, исто така, беа фактор кој ја врати левицата во предизборната игра. А во предизборната игра клучни се имињата на кандидатите за членови на Претседателтвото во БиХ. Токму прашањето, кого ќе изнесе како кандидат левицата, стана клучна одредница по која се водат новинарите во последните неколку недели. Речиси секојдневно на насловните на печатените и електронски медиуми се пишува за кандидатура на Денис Беќировиќ, член на СДП БиХ, која се уште не е потврдена и сигурна. Последично на тоа, првото прашање кое го добиваат речиси сите членови на СДП при настанпите на телевизија се врзани со Денис Беќировиќ.

Во последно време, претседателот на СДП, Нермин Никшиќ, даде аргументација која се однесува на комплетното јавно мислење, па така и медиумското влијание во целост. Имено, Никшиќ ќе забележи дека по тоа прашање и општата бука околу таа кандидатура се занемаруваат многу други проблеми во општетвото.

Познато е дека медиумите во служба на владејачкиот режим, а тоа се мнозинството медиуми во БиХ, често преферираат некои теми за да би се избегнале други теми врзани за криминал и корупција. Прегледот на неколку емисии кои важат за најгледани во БиХ, како и пребарувањето по водечките интернет портали, покажа дека аргументацијата на Нермин Никшиќ има реални и втемелени искази.

Имено, темата за кандидатура на членот на Претседателството стана прашање кое секој пат е поставено како клучно прашање во повеќето дебатни емисии. И покрај тоа, најчесто, одговорите се дека процесот на селекција на кандидатите се уште не е довршен, а водителите сепак инсистираат на таа тема. Гостувањето на Денис Беќировиќ, политичар кој е доведен во врска со кандидатурата, исто така е одбележано со темата за негова кандидатура, без посериозен опфат на други теми.

Иако неколку пари е одговорено дека името не може да биде обелоденето додека не поминат внатрепартиските демократски процеси на избор и предложување, секој медиум бара ексклузива за себе и создава хиперинфлација на ова прашање. Тоа не враќа на примедбите кои ги упати претседателот на таа партија, напоменувајќи дека нивната поддршка на Денис Беќировиќ не е доведена во прашање, дека позицијата во Претседателството е навистина важна, но дека јавноста не може да очекува името да биде објавено пред процедурата, како и дека медиумите треба да обратат внимание на останатите аспекти на изборите.

Така опозицијата се постави како коректив, кој би требало да биде медиумскиот сервис. Имено, фактот што член на Претседателството има повеќе симболичка отколку вистинска функција, па и дека позицијата во парламентот повеќе влијае на животот на граѓаните, како и распоредот на силите во тој парламент одредуваат дали владата ќе биде левичарска и граѓанска или десничарска и националистичка.

Потоа ќе се покаже дека медиумите под контрола на режимот, опсесивно се занимацаат со темата за кандидатот, еден од нив тројца, додека за преостанатите две места кандидатите се речиси познати, иако не се официјално објавени.

Ретки критички гласови упатија примедби дека медиумите се занимаваат само со една тема за да се сокријат теми како моменталната власт не одржува седници на парламентот, како не е исполнета ниту една инфраструктурна цел, па и дека повеќето медиуми несвесно преферираат тема за кандидатура пред тие теми кои сведочат за неработењето на сегашните.

Но и покрај тоа, трендот продолжи, па досега не е одржана ниту една дебатна емисија во која фокусот е ставен на изборот во парламентот, кризата околу Законот за кривична постапка, и низа други многу важни теми, од кои зависи егзистенцијалниот живот на поединците и правниот живот на државата.

Новинарите не се потрудија аргументирано да ја истражат колку е вистински важна функцијата во Претседателството, што е програмата со која би требало да се занимава секој потенцијален кандидат, зошто тоа место е воопшто важно, заради што денешните медиуми речиси со одобрување пишуваат за тоа. Се добива впечаток дека барајќи ексклузива новинарите станаа навивачи кои го наговоруваат Беќировиќ и останатиот врв на СДП на кандидатура, а не водат сметка за аргументацијата која би требала да се води при истражувањето на таа тема.

Водејќи се од досегашното искуство дека секоја хиперпродуцирана тема во јавноста била попратена со потполно премолчен криминал и проблеми, вреди да се почека време и да се открие што всушност важно се случувало во последните неколку недели, покрај блокадата на парламентот, додека невкусно се повторува истото прашање, со истиот одговор, на сите насловни страни и телевизиски екрани.

“Проектот е финансиран од Европската унија преку програмата за мали грантови „Заштита на медиумските слободи и слободата на говор во Западен Балкан“ имплементиран од Здружението на новинари на Хрватска како дел од Регионалната платформа за застапување на медиусмките слободи и безбедност во Западен Балкан во партнерство со шест организации од регионот (Независното здружение на новинари од Србија, Здружението на новинари од БиХ, Хрватсото здружение на на новинари, Здружението на новинари од Македонија и Унијата на медиумите од Црна Гора”. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.