Македонската партија Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) повторно го избра досегашниот лидер Едмонд Темелко за нејзин претседател во наредните четири години.
Партискиот Конгрес се одржа во Тирана под мотото „Обединети и интегрирани“, а на него учествуваа 140 делегати. Темелко едногласно беше избран од присутните.
– Само обединети, можеме да имаме свој претставник во албанскиот законодавен дом, каде ќе може уште повеќе да ги презентираме и бараме нашите легитимни права, порача Темелко