Тензично на Кипар се зголемуваат во пресрет на денешното отворање на банките, за прв пат по цели две недели.
На улиците се распоредени силни полициски формации бидејќи се стравува од можни нереди при очекуваната навала за подигање на пари од банковните сметки.
Се уште не е јасно дали ќе бидат отворени двете најголеми банки, кои според договорот со меѓународните кредитори им наметнаа огромни даноци на депозитите поголеми од 100 илјади евра.