Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Теофил Панчиќ за Тијаниќ: Некои штети не можат да бидат надоместени

0
By Нова ТВ on October 29, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Во време кога Ѓинѓиќ беше премиер, Тијаниќ „удираше“ со сите расположливи средства. Тој ќе напише „Ако преживее Ѓинѓиќ, Србија нема“, и по трагедијата, тоа никогаш не било простено или заборавено, и покрај тоа што проминентиот новинар подоцна се обидуваше да разјасни што подразбирал под тоа. Некои работи се едноставно непоправливи, некои штети не можат да бидат надоместени“, пишува Панчиќ за Радио Слободна Европа.

“Постои една стара емисиja на тогашната Радио Телевизија Белград некаде во 1982 година: приказна за модерното новинарство а со редакција на списанието Интервју, во тој момент најживото и најпровокативното на сцената на српското новинарство.

Главен и одговорен уредник на Интервју беше Александар Тијаниќ. Тијаниќ говори, гледајќи во камерата: ние гледаме еден човек, се уште прилично млад, а ние слушаме човек кој зборува полека, мирно и тивко. Подоцнежното гледање на таа емисија – не така одамна прикажана во “Трезор” – потсетува на Александар Тијаниќ, каков што во меѓувреме доста го заборавивме, бидејќи оној вториот Тијаниќ, на разни подобри и полоши начини, со својот тогаш веќе многу погромок глас, учествуваше во бучавата и гневот на претстојните полоши денови, произведувајќи и трпејќи молњи и громови на ” времињата нетрпеливи.”

…Повисувајќи го својот глас на крајот на осумдесетите и повеќе нема никогаш да го смали на претходната фреквенција, учествувајќи во безброј јавни војни со или без вистинско покритие, тој успеа да биде во конфликт воглавно со сите и да создаде непријатели од сите страни.

Mу замеруваа сешто, со причина и без причина. Најбаналната, и најверојатно најчестата замерка беше дека, ете, “нема факултет”, иако личностите и делата на самите “замерувачи” многу често е најдобар доказ за тоа колку тоа не значи ништо: ете, илјадници од нив, “имаа факултет”, но никој од тие не стана Тијаниќ, ниту пак она што тој го имаше, и огромното мнозинство на другите го немаа, воопшто може да се дипломира.

Со многу подобра причини му е замерувано за неговото чудно “пријателство” со Мирјана Марковиќ и слични фигури од самото срце на многу густа темнина, или кратко и бесмислено министерување во една од владите на Милошевиќ.

Периодите на блискост и соработка со некои големи магнати или важни политичари – дојде да биде и советник на Воислав Коштуница, тогашниот претседател на Југославија – се менуваа со бурни разидувања, обично “серијализирани” во текстовите на Тијаниќ. Така беше со Зоран Ѓинѓиќ.

Во време кога по Ѓинѓиќ, тогаш веќе премиер, удираше со сите расположливи средства, Тијаниќ ќе напише и тоа дека „Ако преживее Ѓинѓиќ, Србија нема“, и тоа, во светло на трагедијата, никогаш не е простено или заборавено, колку год тој после се обидуваше да разјасни што и како со тоа мислел и имал намера да каже. Некои работи се едноставно непоправливи, некои штети не можат да бидат надоместени.

… Некои од нас засекогаш ќе жалат за оној мирен човек кој пишуваше за НИН и го водеше Интервју, кој можеби, кога ќе се подвлече линија, не ги искористи најдобро своите раскошни писателски потенцијали, бирајќи некои други лични и професионални приоритети.

На некои други тоа не им е важно, затоа што тие сакаат да го сакаат или сакаат да го мразат оној другиот Тијаниќ, гласниот актер -но и цело ова време луциден сведок – на една општествена збрка во која ние (и со очите на Тијаниќ ) видовме почеток, но на која никако и се гледа крајот.

Во секој случај, единственото нешто што на Александар Тијаниќ никогаш не му поаѓаше за рака е да биде незабележан и безначаен, а тоа предизвикува апатија и здодевност. Спаѓаше меѓу оние луѓе чие делување секогаш прави разлика, и на добро и на помалку добри. Такви се многу малку, а нивниот број рапидно опаѓа од ден во ден.”, го завршува текстот Панчиќ.

… *Целиот текст може да се прочита тука

Александар Тијаниќ почина вчера во Белград на 64-годишна. Тој својата новинарска кариера ја започна во неделникот НИН, по што станува уредник на списанието „Интервју“. Тијаниќ е основач на телевизијата „Политика“, а во 1994 година го презема директорското место во БК телевизија.

Беше политички советник на одредени личности во поновата српска политика, како и Министер за информирање четири месеци во владата на чело со Мирко Марјановиќ за време на владеењето на Слободан Милошевиќ.

>> Зошто Тијаниќ прифати да биде министер на Милошевиќ

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025
ФОКУС

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

ВЕСТИ November 12, 2025

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица,…

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025
ТИКЕР

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.