Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Теохарис: Грција ја отвораме на 14 мај, потребен е негативен тест или потврда за вакцина

0
By Нова ТВ on April 20, 2021 СВЕТ
Фото: greekreporter.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Отвораме на 14 мај и ова треба да биде јасно. На 14 мај отвораме, порача министерот за туризам на Грција Харис Теохарис од Парламентот, одговарајќи на пратеничко прашање на претседателката и пратеничката група на Движење на промена за туризмот, јави дописничката на МИА од Атина.

Теохарис објасни дека владиниот план за туризмот веќе почна да се спроведува, а првиот чекор беше направен вчера со отворање за државјаните на ЕУ и пет други земји и истакна дека ќе продолжат со мали отворања се до 14 мај, кога ќе може да се отвори туризмот и за Европската унија и „за други 15 трети земји, кои се најсуштински и важни“.
За копнените граници рече дека отворањето започна постепено со дозволен влез во Грција преку Бугарија и од уште еден премин, а не само од Промахонас (Кулата) како што беше досега, истакнувајќи дека ќе отворат сите гранични премини.

-Минатата година ги постигнавме сите квалитетни цели на нашата земја и мора да го разбереме тоа. И протоколи направивме. А секако постоеја разни проблеми со гужви. Затоа оваа година ги отвораме сите гранични премини, рече Теохарис.

Објасни дека постојат пет точки и предуслови за безбедно отворање, а првиот е негативен тест или потврда за вакцинација за еден турист да влезе во Грција и истакна дека за ова „не постои алтернатива“.

-Ова е предуслов за сите земји. Не може некој да дојде ако не е вакциниран, ако не покаже дека оздравел или ако нема негативен тест за да влезе. Ова важи за сите, истакна Теохарис и додаде дека по случаен избор, на посетителите ќе им се вршат брзи тестови, па дури и на оние кои што се вакцинирани, што всушност е и втората безбедносна точка.

Третата е карантинот, односно изолацијата во хотелите-карантин на оние кои ќе бидат позитивни и тоа заедно со нивните семејства.

Потоа следат здравствените протоколи, а на крај е вакцинацијата на туристичките работници.

Теохарис објасни дека е веќе одлучено и ќе се спроведе вакцинација на вработените во туризмот како приоритетна група, но само откако ќе заврши процесот на имунизација на најранливите категории.

Уште еднаш се осврна и на дискусијата што во Грција се води за „covid free“ острови и дестинации во земјата, поради вакцинацијата на жителите на помалите грчки острови.

-Ние велиме дека целата земја е безбедна, не постои „covid free“ и „non covid free“. И ги повикувам и градоначалниците да не паѓаат во оваа стапица. Бидејќи кога се рекламираш како „covid free“, ако случаите некогаш се зголемат, ако има многу случаи, како што читам текстови за Астипалеа, сето ова пропаѓа, тоа не е долгорочна стратегија за рекламирање, истакна Теохарис.

На крајот од неговиот одговор до пратениците од Движење на промена, го спомена и слоганот „All we want is Greece“, под кој ќе започне туристичката сезона и потенцираше дека она што некој го сака и му е потребно е во Грција, „бидејќи земјата покажа дека ги почитува и своите граѓани и туристите“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.