НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Теона и Лабина Митевски: Во време на Корона кризата го промовираме нашиот нов филм

0
By Биљана Секуловска on May 11, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Серијал интервјуа на НОВА со културните работници во време на Корона кризата: Сестрите Теона Митевска, режисерка и Лабина Митевска, актерка, продуцентка- “Филмската уметност би ја ставила како предмет во образовниот систем, само така можеме да си обезбедиме едуцирана, без шунд иднина”.

Секуловска: Уметноста и културата се прогласени за мртви во кризата со Корона вирусот. Сега мртвилото надвладеа токму онаму- кадешто претходно изгледаше невозможно- мислевме дека е надвор од умот да се живее без уметноста, без културата

Теона Митевска: Не би се сложила со назнаката мртва, што всушност се случува е дека културата е принудена да пронаоѓа други поинакви, алтернативни начини да се самоизрази. Културата е вода и храна на умот, интелектуалната стимулација, еднакво како и емотивната, се есенцијални за човековиот развој,  а она што ни се случи со Kорона вирусот е дека научивме да комуницираме, постоиме, како и да апсорбираме уметност на друг начин, виртуелно.

Ова што се случува е без преседан- за мене културата, односно креацијата, никогаш не била толку вибрантна, соочен со кризата на постоењето и уметникот си ги поставува како на себе, така и на светот оние есенцијални прашања, со самото тоа ургентноста на делото расте, а со тоа и квалитетот.

Секуловска: Каде го гледате излезот, што веднаш треба да се стори за да ги избавиме и нив, уметноста и културата, и воедно самите себе?

Лабина Митевска: Ништо не смее да запре, институциите мора да продолжат да фунционираат, по теркот на Европа каде сите филмски фондови нормално си функционираат, а верувам  дека и кај нас е случајот.

Теона Митевска: Ќе ви дадам неколку примери за тоа што и како се случува, да ја доловам вибрантноста на ситуацијата во Европа. Синелинк на Сараевскиот филмски фестивал се случи виртуелно оваа година, сите сесии беа организирани преку апликацијата Зум. Јас и Лабина бевме дел од менторскиот тим на проектот, и иако точно е дека личниот контакт е неизмерлив, организаторите на Синелик успеаjа  сето тоа да го организираат на начин кој е функционален, и  за сите учесници корисен.

Следниот месец се случува Ателје на Канскиот Филмски фестивал , каде ќе биде промовиран нашиот нов филмски проект “Најсреќниот човек на светот” и  повторно сите средби со потенцијални копродуценти, дистрибутери и агенти за продажба ќе се случуваат виртуелно.  Дел сум и од селекцискиот Комитет на World Cinema Fund од Берлин, а минатата недела одлучивме за расподелбата на дистрибуциски грантови на неколку филмoови.

Европа е принудена да се менува, и се менува, а ќе мораме и ние.

Секуловска: Како го гледате во иднина пазарот на културата и уметноста- дали ќе бидат неопходни реформи и целосно реструктурирање- каде акцентот ќе биде ставенна иновативност и експерименталност?

Дали ќе надвладее ваквиот тип на култура, наспроти индустријата на онлајн забава (не секогаш во вулгарна смисла е оваа забава)- кадешто предничи филмската индустрија

Лабина Митевска:  Во моментов сум дел од тинк-тенк групата Европско ниво, каде ги дискутираме токму овие прашања, како и што понатаму. Мене, а верувам и на светот, ни е повеќе од било кога јасно за потребата на културата, тука цртам линија помеѓу забавата и оној дел кој ја храни душата. Не смеам премногу да разоткријам, но размислувањата се следни, јасно е дека мора уште повеќе да се инвестира во културата и културните дејности, преку што богатството и разновидноста на Европската култура ќе се стават во фокус.

Јас лично немам проблем со онлајн конзумирање на културата, тој развој е неминовен, но како да ги вратиме гледачите во европските кино сали- тоа подразбира екстра обид и организација, субвенциии, како и инвестиција во едукацијата на младите генерации. Бенефитот на културата човек може да го знае и цени само ако е едуциран во тој правец.

Што сакам да кажам е дека иднината зависи од нас, како ние самите ќе се справиме со дадената проблематика. Мораме да бидеме искрени, да знаеме каде сме и во кој правец сакаме да се движиме, и само така можеме да имплементираме соодветни мерки. Јас лично, филмската уметност би ја ставила како предмет во образовниот систем, само така можеме да си обезбедиме едуцирана, без шунд иднина.

Секуловска: Што е уметникот денес? 

Теона Митевска: Уметникот е филозофот на нашето време, борец, раскажувач, неусташив, тој/ таа кој ја користи својата слобода на изразување да ги стави на видило општествeните девиации во својата средина и општество, се со цел да покрене разговор, а преку тоа и промена.

Секуловска: Колку може оваа криза да го уништи уметникот? Колку може сепак и тој да ја уништи неа?

Лабина Митевска: Тоа што го убива уметникот е попреченоста слободно да се изрази, стравот да викне, врисне кога тоа го чуствува. Убедена сум дека креативниот човек секогаш ќе најде начин да се изрази себеси, какви и да се условите.

Теона Митевска: Бев поканета да направам краток филм, иницијатива на Солунскиот филмски фестивал, нарачан од Грчкиот филмски фонд. Во момент на изолација моите услови беа и се уште се оскудни, но на крај… бев принудена да најдам алтернативно решение како да се изразам, без вообичаените технички предуслови.

На некој начин ситуацијата ме ослободи од самата себеси и моите очекувањата , за тоа што е филм и како тоа сето тоа треба и мора да изгледа. Добрата идеја и содржината се база на се, ако имаш што да кажеш начинот ќе се најде, а формата следува.

Секуловска: Дали после оваа криза ќе заврши ерата на културата на тривијалност, вулгарност, евтиност, културата на шундот и кичот, онаа селебрити култура, онаа култура на холивудски бесмислени спектакли и риалити шоуа?

Или пак можеби оваа примитивна култура ќе се зацврсти на тронот, како неизбежен и единствен излез од суровата реалност со која сме опкружени- на болестите, смртта и безизлезноста?

Лабина Митевска: Јас искрено се надевам, но не верувам во чуда и преку ноќ решенија. Тривијалноста, вулгарноста, шундот се надминуваат преку едукација, а за тоа е потебно време, инвестиција во младите генерациии, како и деполитизација на културата, што директно ќе влијае врз слободата на изразувањето, а тоа пак ќе ни обезмеди квалитетни и неустрашиви дела.  Забавата е моментална инекција, а содржината  е човекова есенцијална потреба.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.