Најмалку шестмина се убиени, а осуммина се ранети во џамија во канадскиот град Квебек, во вооружениот напад синоќа кој канадскиот премиер го окарактеризира како терористички напад.
Нападот се случил за време на вечерната молитва, а бил извршен од тѕројца напаѓачи во Исламскиот културен центар.
Полицијата добила повик околу 2 часот по локално време. Како што пренесуваат медиумите, тешко вооружена полициска единица по нападот влегла во џамијата.
Според полицијата двајца се уапсени, додека за еден има сомнение дека е во бегство, но ситуацијата е под контрола.
Локалните медиуми пренесуваат дека еден од напаѓачите имал калашњиков. За еден од нив се тврди дека има 27 голдини и потекнува од Квебек, но засега овие информации не се потврдени.
Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека ова е терористички напад врз Муслиманите.
-Надлежните и натаму вршат увид и повеќе детали ќе има подоцна. Тажно е да с евиди вакво безумно насислтво. Различноста е нашата сила и верската толеранција е доблест која ние Канаѓаните ја почитуваме, изјави Трудо.