Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тестовите на двајцата лидери негативни, во изолација само четворица новинари на Канал 5

0
By Менче Атанасова Точи on April 10, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тестовите за коронавирус на двајцата лидери на партиите Зоран Заев и Христијан Мицковски се направени на средина на инкубациониот период од 14 дена и тие се негативни. Министерот за здравство Венко Филипче и епидемиолозите сметаат дека и доколку се јават симптоми кај некој од нив во наредните денови на самоизолација, тоа не претставува опасност за сите кои што конатктирале со нив и тие нема потреба да одат во самоизолација.

Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес конферениција одговарајќи на прашање на НОВА, дали тестот во овој период може да биде лажно негативен или лажно позитивен, како што се тврдеше досега генерално за сите случаи, одговори дека и да се случи тоа, нема опасност по луѓето кои контактирале со нив, а тестирањето е направено за да се заштитат новинарите и сите лица од партиите, како и претставници на Владата со кои тие имале контакти.

„Заев согласно препораките ке биде во самоизолација во времетраење од седум дена, со оглед на тоа што периодот на инкубација е 14 дена, а тој имаше средба со новинарот и уредник на Канал 5, Гоце Михајлоски, пред една недела. Со оглед на тоа нема потреба од самоизолација на лицата со кои имал контакти“, рече министерот Филипче.

Тој потенцира дека Заев и Мицковски се тестирани за брзо време, не заради тоа што се политичари дека имаат приоритет, туку заради многуте контакти што ги имаат постојано со функционери од Владата, новинари и во институциите каде што настапуваат.

Утрово, Филипче објави дека негативен на тестот е и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој исто така гостуваше на Канал 5.

Четворица новинари од телевизијата Канал 5 исто така, ќе бидат во самоизолација во период од 14 дена.

Прв случај на заболен е регистриран и во АХВ, Агенцијата за храна и ветеринарство.

„Во Агенцијата за храна и ветеринарство заболена е вработена која цела недела не доаѓала на работа заради распоредот со ротација и таму 7 вработени се ставени во самоизолација кои имале контакти со жената“ , изјави Филипче.

На Инфективната клиника, додаде Филипче, се примени уште двајца пациенти. Вкупната бројка изнесува 66. Осум пациенти се на механичка вентилација со тешка форма на болеста. Четиримесечното бебе од Кочани кое е најмладиот пациент со коронавирус е во добра состојба и за него се грижат педијатри на Клиниката за инфективни болести.

Во болницата „8 Септември“ примени се уште осум пациенти, вкупниот број е 21, од кои шест се на респираторна машина, во тешка состојба.

Во болницата во Битола хоспитализирани се четири пациенти, сите се стабилни, во добра здравствена состојба. Во Штип згрижени се уште четири пациенти. Вкупниот број изнесува осум – сите се со лесна форма на манифестација на болеста.

Министерот одговарајќи на новинарско прашање и овој пат нагласи дека смрттноста на респираторни машини е високи 98 проценти, така што во тие случаи не делуваат ниту терапија,  нити апарат за дишење.

Во затворот во Шуто Оризари каде што почина протвореник на кого постмортем му е констатиран коронавирус, денеска и во текот на викендот ќе се вршат клинички прегледи, тестирања и се прави епидемилошка анкета. Веќе 30 луѓе се тестирани, вклучувајќи и дел од вработените.

Филипче најави дека од почетокот на следната недела започнува полека да се враќа животот во стопанството, да се отвораат рестораните и  институциите, луѓето постепено да се враќаат на работните места. НОВА, праша како во време кога се најавува пикот на вирусот се планира нешто што ќе ги зголеми контактите, министерот со одговор:

„Ние подготвуваме терен, разговараме како да се организира тоа враќање кое би било некаде во средината на мај, како да се направи тоа внимателно за да не се појави уште еден, нов пик на коронавирус“, изјави министерот Филипче.

Тој рече дека оваа состојба нема да трае вечно, линеарно е зголемувањето на  борој на заболени и дека постојано се следи состојбата. И токму рестрикциите, ограничувањето на движењето ќе го спречат ширењето на вирусот од асимптоматските случаи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.