Тетката дала благослов за егзекуција на својот сопруг поради бројните прељуби, а жената на Ким-Јонг-ун ја убила неговата љубовница.
Младиот лидер на Северна Кореја Ким-Јонг-ун го егзелутираше својот влијателен тетин наговорен од жена му и тетка му, кои го стегнале обрачот околу него. Неискусниот Ким-Јонг-ун (30) го ликвидираше својот довчерашен сојузник и ментор па сега останува под контрола на двете силни жени кои од сенка ги повлекуваат сите потези, прoценуваат странските аналитичари.
Дали Ким Киунг-хуи (67) и Ри Сол-ју (25) се вистинските владетели во Северна Кореја?
Тетинот на Ким, Јанг-Сонг-таек беше погубен минатата седмица под обвинување дека се обидел да ја преземе власта. Тој беше еден од најмоќните луѓе во Пјон Јанг по смррта на Ким-Јонг-ил во 2011 кога на власт дојде неговиот син Ким Јонг-ун. Ким беше премлад за да владее сам, па главната задача на Јанг беше да му помага и да се грижи за него.
Колку Јанг беше важен, покажува тоа што на погребот на Ким Јонг-ил стоеше зад неговиот наследник и потоа во јавните пригоди често се појавуваше со внукот.