Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тетово е прв по загаденост на воздухот во Европа, Скопје е на второ место

0
By Менче Атанасова Точи on January 26, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тетово е прв по загаденост на воздухот во Европа, а веднаш по него е Скопје кој се наоѓа на второ место. На листата на најголемата база на податоци во светот Нумбео, Тетово се наоѓа на високото четврто место по загаденост, од вкупно 245 градови, веднаш по Каиро, Катманду и Акра во Гана. Скопје на оваа листа се наоѓа на 30-то место по загаденост на воздухот. Според последните податоци од оваа листа најмалку загадени градови во светот се Стокхолм, Камбера и Ливерпул.


Листа на најзагадени градови во Европа

Пред неколку дена лекари од тетовската болница излегоа со фрапантни податоци дека спонтантите абортуси се во пораст, поради енормното загадување на воздухот, но по ова се повлекоа. Дека загадувањето на воздухот влијае на порастот на спонтаните абортуси и на аномалии на плодот кај бремени те жени за НОВА потврди и Мендух Јегени гинеколог и директор на Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир.


Листа на најзагадени градови во свет

Сепак, прецизни податоци колку е зголемен бројот на спонатни абортуси во оваа болница се уште нема бидејќи бројките за минатата година се во тек на изработка и засега се се сведува на паушални податоци. Јегени предупредува деновиве кога загадувањето на воздухот во Тетово и Скопје е на многу високо ниво бремените жени да не излегуваат надвор без потреба, за да се избегне можно оштетување или аномалии на фетусот.

„Факт е дека воздухот е загаден и тоа влијае на бременоста, како и појавата на можни аномалии кај бебето. Засега се препорачува без потреба трудниците да не излегуваат од дома. Но, алармот е вклучен за сите бидејќи не знаеме што дишеме“, изјави Јеегени за НОВА.

Но, не се загрозени само бремените жени. Лекарите алармираат дека болниците се полни со бебиња и мали деца со белодробни заболувања и бронхитис. Тие предупредуваат дека во опасност се доведени и хроничните болни, срцевите и луѓето со респираторни проблеми, но влијанието од загадениот воздух го чувствуваат сите, луѓето стануваат нервозни бидејќи штетните супстанци кои ги вдишуваме влијаат на нервниот систем и на имунитет на луѓето.

„Во моментот очигледно има големо загадување бидејќи се чувствува печење во грлото. Последиците ги чувствуваме сите, стануваме нервозни, се пореметува целиот организам, паѓа имунитетот, а драстично се влошува состојбата на хроничните болни“ изјави за НОВА неврологот Анте Поповски.

Познавачите на состојбите велат дека решението е едноставно, тоа е чистење на улиците со водени шмркови кое повеќе не се прави, а може многу да помогне. Снегот по улиците остана неисчистен и веќе е црн од штетната прашина од загадениот воздух и нечистотија.

Од невладината Еко-Спас велат дека градот Скопје, каде што се издаваат интегрирани дозволи треба да превземе мерки за заштита на граѓаните, како и контроли на индустриските капацитети, како на поголемите , така и на малите фабрики.

Експертите објаснуваат дека ПМ10 честичките се доволно мали за да навлезат во респираторниот систем. Последиците од вдишaните суспендирани честички може да бидат резултат на кратокорочна (часови и денови) и долгорочна (месеци, години) изложеност и предизвикуваат кардиоваскуларни и респираторни болести, како и рак на белите дробови. Чувствителни групи со претходно постоечки белодробони или срцеви заболувања, како и стари лица и деца, се особено ранливи.

И покрај зголемената концентрација на ПМ10 честичките, деновиве градот Скопје ја одложи примената на средството кое, како што рекоа може да го спречи нивното ширење во воздухот. Но, растворот калциум-магнезиум ацетат ќе чека на поповолни времиња затоа што, како што велат од Градот, не се препорачува негово распрскување во услови на влажен воздух. Град Скопје распрскувањето со ова средство го најави минатата година и до сега сето тоа требаше да биде завршено.

Засега за граѓаните остана само предупредувањето, движењето на отворен простор да го сведат само на неопходни излегувања, малите деца, бремените жени, хроничните болни и постарите луѓе да не излегуваат на отворено, да не се проветруваат просториите и автомобилите да не се користат без поголема потреба. Поголеми рестриктивни мерки за загадувачите се уште нема.


Листа на најмалку загадени градови во светот

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.