Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Тиквеш“ продолжува со откупот на грозје според објавените критериуми и цени

0
By НОВА ТВ on September 12, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По отстранувањето на синоќешните блокади „Тиквеш“ денеска продолжи со откуп на грозје од оние кооперанти кои согласно утврдената динамика беше планирано и беа повикани да го предадат грозјето во текот на вчерашниот ден, информираат од компанијата.

– „Тиквеш“ е единствената винарница во земјава која и оваа година дефинираше највисока цена, ја почитуваше договорената цена за откуп на вранецот од 13 денари за килограм и од 11 денари за смедеревката и се обврза да откупи најголема количина грозје досега, велат од компанијата.

Истовремено, додаваат, „Тиквеш“ беше и првата винарница која на најтранспарентен начин ги објави цените и условите по кои ќе го откупува грозјето, при што точно го наведе и нивото на квалитет на грозјето што ќе го откупува.

– Винарницата и понатаму останува на својата определба дека нема да прави никаков компромис со квалитетот на грозјето што го откупува, затоа што на тој начин се штити и интересот на оние над 2100 лозари со кои Тиквеш веќе има потпишано договори, а кои со макотрпна работа ги исполниле стандардите за квалитет на грозјето што им гарантира и многу повисока цена, велат од „Тиквеш“.

Порачуваат дека им понудиле на незадоволните, како што велат, пет до шест поединци кои синоќа го блокираа влезот во винарницата и со тоа го попречија откупот, а чие грозје не ги задоволуваше минималните критериуми за квалитет неопходен за производство на вино, да им биде преземено за преработка во вински дестилат, при што им беше понудена соодветна цена од осум денари по килограм која ќе им ги покриеше нивните основни трошоци.

– Но, и покрај тоа, ваквата понуда беше одбиена од нивна страна. Претходно токму тие поединци се обидоа да манипулираат со квалитетот на грозјето кое го донесоа на откуп, кое беше со многу понизок квалитет и шеќерност отколку примероците, кои согласно утврдената практика, претходно ги донеле за проверка, посочуваат од „Тиквеш“.

грозје тиквеш цени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.