Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тимерманс испрати писмо до Русија по инцидентот со холандскиот дипломат

0
By Нова ТВ on October 18, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Писмо од 16 октомври 2013 на холандскиот министер за надворешни работи, Франс Тимерманс, до Претставничкиот дом на Русија, во однос на инцидентот со холандскиот дипломат во Москва на 15 Октомври 2013. Тогаш беше нападнат советникот на холандскиот амбасадор, Оно Елдеренбош, по што напаѓачите му нацртале срце и напишале „ЛГБТ“.

Во писмото стои:

„По инцидентот со холандскиот дипломат во Москва на 15 Октомври 2013 година јас вака би ве известил:

Во раните вечерни часови на 15 октомври, заменик-шефот на мисијата на Амбасадата на Кралството Холандија во Москва, пристигнал во неговата станбена зграда и ја затекнал во темнина. Домарот му рекол дека осветлувањето во становите работело. Двајца мажи облечени во портокалови елеци стоеле надвор пред влезната врата на дипломатот, на врвот на скалите. Тој претпоставил дека тие биле инженери од електроенергетска компанија кои биле таму за поправка на светлата. Кога тој разговарал со нив, му рекле дека можел сам да провери дали светлата во неговиот стан работат. Кога ја отворил вратата од својот стан, дипломатот бил турнат внатре по што бил соборен на земјата. Напаѓачите му ставиле леплива лента на устата и очите, и му ги врзале рацете и нозете со лентата. Скршиле неколку столици и ламби и изпразниле неколку фиоки. Тие потоа со кармин нацртале розово срце на огледалото, прободено со стрела и напишале „ЛГБТ“ со руски букви.

Натрапниците биле во брзање. Откако заминале, дипломатот успеал да се ослободи до одреден степен и ги контактирал и амбасадата и дипломатската полиција на Москва. По неколку телефонски повици, и полицијата пристигнала еден час по пријавувањето на инцидентот.

Дипломатот претрпел помали повреди и секако бил длабоко шокиран, како што е и Владата. Со оглед на околностите тој е сега добро, и се врати назад на работа. Безбедносните мерки се зацврстени. Како што е вообичаено, Владата нема да открие ништо во врска со тие мерки.

Рускиот амбасадор во Хаг беше телефониран истата вечер и му беше наложено да обезбеди појаснување за овој многу сериозен инцидент. За таа цел, во попладневните часови на 16 октомври тој беше повикан во Министерството. На средбата со рускиот амбасадор – Генерален секретар на Министерството за надворешни работи, уште еднаш се пренесе негодувањето на Владата за инцидентот. Побарано е од амбасадорот да се заложат руските власти да направат се што е во нивна моќ, за да се спречат слични инциденти и да се гарантира безбедноста на холандски дипломати. Руската Федерација е должна да го стори тоа според членовите 29 и 30 од Виенската конвенција за дипломатски односи.

Амбасадорот се осврна на изјавата објавена претходно тој ден на веб страната на руското Министерство за надворешни работи. Во соопштението беше изразено „жалење во врска со несреќниот инцидент“ и посочено дека сите потребни мерки биле преземени за пронаоѓање и апсење на лицата вклучени во овој криминал.

Набрзо по повикот, јас презедов иницијатива за телефонирање на Сергеј Лавров, рускиот министер за надворешни работи. За време на нашиот разговор, реков дека Владата е шокирана од она што се случи и побарав да се воспостави целосна истрага за да се открие вистината и да се најде виновникот за да се изведе пред лицето на правдата.

Лавров ја сподели загриженоста на Владата, велејќи дека „сериозен криминал“ бил извршен, и потврди дека властите започнале истрага во врска со нелегалниот упад во приватен имот и употребата на насилство против поединец. Кога ме праша, јас ветив дека амбасадата во Москва целосно ќе соработува со истрагата.

Поширока проценка на холандско-руските односи ќе ви бидат испратени вам следната недела, за состанокот на Русија со Постојниот комитет на 30 октомври“, се вели во писмото.

Воедно, односите меѓу Русија и Холандија во последно време се лоши поради приведувањето на првиот советник на руската амбасада во Холандија кој беше приведен во својот стан, врз основа на пријава дека тепа деца. На ова реагираше лично рускиот претседател Владимир Путин кој рече дека тоа е најгруба повреда на Виенската конвенција.

„Ова е тешко кршење на Виенската конвенција. Чекаме објаснување и извинување, како и казнување на одговорните“, изјави тогаш Путин.

Холандија подоцна се извини за тој инцидент.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.