Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тимоние: Не можам да предвидам датум, се чека извештајот на ЕК

0
By Нова ТВ on May 14, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

-Не можам да зборувам за датум за преговори. Ќе го чекаме извештајот на Европската комисија кон крајот на мај за да направиме проценка дали е спроведено се што требаше во Република Северна Македонија, особено од областа на судството и на правната држава, изјави во Прилеп амбасадорот на Франција Кристијан Тимоние. Тој пред студентите од Економскиот факултет одржа предавање на тема: „Европската Унија во пресрет на изборите, предизвици и надежи – француско гледиште“. Изборите за Европскиот парламент ќе се одржат од 23 до 26 мај.

-Да се предвиди датум, ќе кажам не, не сум астролог, но сепак, ќе кажам, еден од условите да се завршат почнатите работи, односно да се заврши агендата 3-6-9, потоа агендата 18, кои претставуваат извонредни работни инструменти. Ќе го чекаме извештајот на Европската комисија за кон крајот на месец мај да направиме проценка дали се спроведени сите оние работи кои требаше да се спроведат, особено од областа на судството и на правната држава, рече Тимоние.

Според Тимоние, ова е суштински период и се влегува во турболентни моменти во светската историја, зашто изборите ќе влијаат на многу аспекти.

-Се разбира дека изборите ќе имаат влијание, и тоа во повеќе аспекти, затоа што, генерално, Европската Унија, вклучително и Франција, се повеќе се интересираат за земјите од Западен Балкан. Впрочем, Франција беше таа која на самитот во Берлин ја објави новата стратегија за земјите од Западен Балкан и нивното приближување кон ЕУ. Се разбира дека сите земји работат на тоа поле, меѓутоа ќе треба поефикасно да ги здружиме напорите за да може сите земји од Западен Балкан, вкучувајќи ја секако и Република Северна Македонија што повеќе да се приближат до ЕУ, објаснува Тимоние.

За професор д-р Оливера Костоска од прилепскиот Економски факултет, изборите во Унијата ќе го одредат односот по многу прашања, особено за миграцијата, безбедноста, бизнисот, работните места, за климатските промени. Ваквото предавање е многу битно за студентите кои се иднината на државата и треба да развијат критички однос кон многу прашања.

 -Сметаме дека ова предавање е исклучително важно за нашите студенти, со оглед на тоа дека тие се креаторите на нивната европска иднина, и воопшто на европската иднина на Република Северна Македонија и поради развивањето на нивното критичко размислување во оваа насока, а и потесно да се запознаат со политиките и институциите на Европската унија. Фокусот е ставен на европските избори кои ќе бидат од 23 до 26 мај и европските државјани ќе имаат можност да селектираат кој ќе ги претставува во Европскиот парламент. Тоа е исклучително важно зашто оваа одлука ќе го трасира патот на идното дејствување на Унијата во многу области, од аспект на миграција, безбедност, бизнис, работни места, климатските промени. Вториот сегмент битен од ова предавање е пристапот на нашата држава кон ЕУ која се наоѓа на тековната агенда на идното проширување на Унијата со оглед на нејзиниот кандидатски статус од 2005 година, а од јуни лани, се очекува датумот до крајот на годинава, рече Костоска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.