Поранешната премиерка на Украина, Јулија Тимошенко која беше ослободена од затвор минатиот месец, соопшти дека ќе се кандидира за претседател.
По повеќе од две години во затвор, таа во февруари годинава беше ослободена по соборувањето од претседателската функција на Виктор Јанукович.
Тимошенко работеше во два мандата како премиер на земјата, а во 2010 година беше кандидат за претседател.
– Планирам да се кандидирам, изјави Тимошенко на прес-конференција денеска во Киев.
Изборите во Украина доаѓаат по лошата економска ситуација, припојувањето на Крим со Москва, како и големата криза која траеше неколку месеци низ улиците на Киев.
Своите планови, поранешната премиерка ги соопшти откако Меѓународниот монетарен фонд одобри од 14 до 18 милијарди долари за Украина со цел да не банкротира.