Двајца тинејџери од Канада, несвесни за опкружувањето, нелегално ја преминале границата на Канада со САД бркајќи покемони, соопшти пограничната полиција на САД. Тие пешачеле јужно од Алберта кон Монтана, а нивното внимание било фиксирано на нивните телефони додека ги ловеле анимираните чудовишта од популарната игра „Покемон Гоу“. Воопшто не биле свесни каде се наооѓаат кога биле пронајдени од граничната патрола на САД.
Тие беа буквално одземени од играта, ништо околу себе не гледаа, камоли каде одат и каде се наоѓаат, изјави Мајкл Раполд, портпарол на пограничната контрола на САД.
Подоцна полицијата ги вратила децата на нивната мајка. Играта предизвика неочекуван успех од глобални размери откако беше пуштена во употреба на 6 јули. Користејќи ги своите телефони, играчите виртуелно бараат покемон карактери кои се наоѓаат насекаде во реалниот простор – од улици, паркови, ресторани, музеи, канцеларии, приватни домови.