Австралискиот билионер Клив Палмер, кој стои зад проектот наменет за копирање на луксузниот брод, го откри нацрт планот за бродот кој ќе се гради во Кина, со претпоставка за своето прво патување во 2016, на истиот курс на оригиналниот Титаник од 1912 од Саутемптон, Англија, до Њу Јорк.
„Областа наменета за патниците ќе биде автентична со истиот дизајн и особености. Но ќе има и модерни апарати како на пример климатски уред..интернет..“, изјави Палмер.
За фановите на филмот Титаник, бродот ќе биде дизајниран на тој начин што на патниците ќе им бидат надоместени сите услови да се чувствуваат како во филмот.
Палмер не би го баксузирал проектот, велејќи на прес-конференција „Не сум многу самоуверен…се би потонало доколку има дупка во него. Би било кавалерски од моја страна да го кажам тоа.“
Според Финскиот градител на бродот, патниците можат да бидат смирени. Тој вели дека тоа ќе биде „најбезбедниот крузер во светот.“