НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Титаник“: ВМРО-ДПМНЕ мобилизирала сè за победа на изборите 2011

4
By Нова ТВ on August 17, 2018 ВЕСТИ
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Кривичниот суд Скопје 1 денеска продолжи преслушувањето на аудио материјалите поднесени како доказ во предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во кој се обвинети повеќемина поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Од 1063 „бомби“ на СЈО денеска во судот беа преслушани нешто повеќе од сто.

На судското рочиште беа пуштени разговори меѓу поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и Мартин Протуѓер, шеф на Кабинетот на поранешниот премиер, Никола Груевски.

На судењето се слушнаа и разговори на Јанкулоска, Протуѓер и Јанакиески со поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, екс првиот човек на УБК, Сашо Мијалков како и неговиот брат Влатко поранешен директор на Царинската управа на Македонија.

Пред присутните во судницата беа презентирани и аудио снимки кои откриваат како се мобилизирале вработените во Царината, како и снимки меѓу поранешни фунционери во кои тие разговараат за  гласачите од дијаспората и колку се официјално пријавени во ДИК, како и за потенцијалните кандидати на изборите кои би можеле и би имале најдобри шанси да бидат на листата во изборните единции.

Аферата „Списоци“ на ТВ А1 и Шврговски главна закана за Протуѓер

Во дел од „бомбите“ што денеска се слушнаа во Кривичниот суд во Скопје беше пуштена и снимка на која разговараат поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и  Мартин Протуѓер, шеф на Кабинетот на поранешниот премиер, Никола Груевски за аферата „Списоци“ што ја открија тогашните новинарки на сега веќе бившата ТВ А1а се однесува на тоа секој вработен во државната администрација да треба да предложи по 15 гласачи.

– Ептен ги наместиле. Гледам прилог и ги прашуваат луѓето за кого ќе гласаат и овие велат за ВМРО. Ги прашуваат зошто и овие кажуваат дека ќе им завршат за вработување или за нешто друго. Ептен беше, не знам како не ги познават по гласот по цел ден се на телевизија. Ќе треба добро да смислиме како да реагираме. Ова е монструозно што го направиле. Тие луѓе имаат фамилии, роднини, пријатели, вели Јанкулоска во разговорот.

Во друг разговор, таа го советува Протуѓер дека против ТВ А1 не можат да се борат и дека ќе треба да ги тужат новинарките за лажно претставување. Јанкулоска е вознемирена и лута од начинот на кој што новинарката Снежана Лупевска ја извршува својата работа и ја нарекува будала.

Дел од „бомбите“ што се слушнаа беше и разговор меѓу Јанкулоска и Протуѓер за прилозите на Канал 5 Телевизија.

– Канал 5 не ги покриваат настаните, а газдата е кај нас на листа. Мора да ги стегнеме малку, вели Јанкуловска.

За Протуѓер закана за угледот на партијата и исходот на изборите бил и поранешниот Републички јавен обвинител Љупчо Шврговски кој тој го нарекува копиле  и пијаница кој работи за СДСМ.

-Копиле скапано мајката да му ја му е..м… Четири месеци чекам за „Надеж“ предмет да отвори. Тој работи за СДСМ. Чист случај за апсење има за Наташа Савова и ништо не прави“.

– Сашо (Мијалков н.з.) нека го стегне Шврговски – му вели Јанкулоска, на што Протугер и одговара дека „него цело време го стегаат неговите со кои што пие по цел ден“.

– Овој Шврговски ти кажувам јас за СДСМ работи. А бе ај кажи ми што направил, едно обвинение нема покренато. Ме нервираат педери како Шврговски. Каква порака сум му спремил, со мајки, шајки, со племе комуњарско, го завршува Протугер разговорот со Јанкулоска.

Јанкулоска надвор од процедурите го проверувала имотот на Црвенковски

За време на изборната кампања поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска по налог на Мартин Протуѓер преку нејзините контакти во Србија, надвор од процедурата барала податоци дали сопругата на експретседателот на државата, Бранко Црвенковски, Јасна, поседува имот на островот Корчула, во Хрватска.

-Ни треба потврда дали е тоа лице. Чуј се со Горан Трајковски бидејќи тоа „ќе направи пресврт во кампањата, вели Протуѓер,

Јанкулоска во следен разговор му потврдува дека проверувале во регистарот на државјани и во регистарот на дијаспората. Протуѓер и’ дава насоки да провери преку сестра и’ на сопругата на Црвенковски, која работела во Амбасадата кај Љубиша Георгиевски.

-Ми проверува таму едено раководителче. Вели ако е за министерката не е проблем. Да не му направиме проблем, ќе остане без работа. Ни Дачиќ (тогаш министер за внатрешни работи на Србија н.з.) не знае каква услуга сум побарала, оти и он е комуњар, знаеш, да не ја направиме големата, вели Јанкулоска.

Јанкулоска, според разговорите, потоа прави нарачка до Антикорупциска да отворат предмет.

-Ај кажи Антикорупциска да си имаат предмет за имотот на Б.Ц. Јави им се на Борче и на Љубинка, охрабри ги, му вели Јанкулоска на портпаролот на МВР, Иво Котески.

На крајот на разговорот Јанкулоска уште еднаш му вели на Котески да сврти некој телефон и да се јави на тогашниот претседател на комисијата Воислав Зафировски.

Од следниот разговор меѓу двајцата сопартијци се дознава дека Антикорупциска ја послушала партиската наредба, односно свикале итна седница за испитување на имотот на сопругата на Црвенковски, Јасна Црвенковска.

Субвенциите главен адут на Ставрески за собирање гласови

Главен адут во предизборната кампања во 2011 година на тогашниот министер за финансии Зоран Ставрески била фирмата „Повардарие“ која, според Ставрески требало да донесе од пет до 10.000 гласови во корист на ВМРО-ДПМНЕ. Тој во еден од разговорите со екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска бараа од неа да влијае врз еден од службениците кој врши проверка на производите да ги ублажи утврдените неправилности во записникот врз основа на кој се исплатувале субвенциите.

– Со овој Румен никако не можам да се разберам, не попушта. Кажи му да ги ублажи неправилностите во записникот за да може Димовски да ги исплати субвенциите“, вели Ставрески во разговор со Јанкулоска.

Поранешниот министер за финансии, Зоран Ставрески (Архива)

Јанкулоска веднаш постапила по барањето на Ставрески и го замолува Румен Стаменов тогаш претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче Петров, тој и Димовски да ги усогласат записниците за да бидат исплатени субвенциите на „Повардарие, затоа што, како што вели Јанкулоска, поради тоа ќе ги изгубат изборите.

– Количините не се спорни. Според Законот за рурален развој субвенциите се исплатуваат по единица производ. Јас во записникот наведов за секој субјект каков е и што е. Никаде не ставив дека не треба да се исплатат субвенции. Не знам зошто Димовски ја префрла топката кај мене, и’ вели Стаменов на Јанкуловска во меѓусебниот телефонски разговор.

Во друга „бомба“ пак се слуша како Ставрески од екс министерот за транспорт и врски и тогашен шеф на изборната кампања на ВМРО- ДПМНЕ, Миле Јанакиески бара да ги испрати „сите инспекции во фирма во Радовиш“ бидејќи  им свртела грб  на ВМРО-ДПМНЕ.

-Да ги пуштиш сите инспекции во „Марди“ во Радовиш, обавезно трудова инспекција. Во 2008 година им помагавме а сега се свртиле со Љубе или со Љупчо, не знам, вели револтирано Ставрески.

Одбраната не попушта, бара „бомбите“ да престанат да се слушаат

Одбраната на обвинетите и денеска инсистираше да престанат да се слушаат „бомбите“ затоа што, како што рече адвокатот Петар Василев во нив нема никакви докази за кои се товарат обвинетите.

– Нека каже обвинителот на која основа се репродуцираат доказите, бидејќи од разговорите досега може да се чуе само за организациските способности на една партија за политичка кампања и ништо за кривичното дело. Ниту еден наш предлог или приговор не е прифатен. Ова не’ става во нерамноправна положба, рече Василев.

Реагираа и адвокатите Еленко Миланов и Сања Алексиќ која тврдеше дека во дел од прислушуваните разговори времето и местото што се запишани во транскриптите не одговара со разговорите што се слушаат на снимките.

На дел од разговорите реагираше и Јанакиески кој рече дека СЈО пушта разговори што само нему му одговараат, затоа што како што тврдеше, меѓу разговорите фали еден меѓу него и Протуѓер каде што се споменува името на пратеникот Илија Димовски.

– Од наводните снимки кои СЈО вели дека се разговори меѓу мене и Протуѓер, кажувам дека ќе се слушнам со Илија Димовски. Следниот пуштен разговор е 10 минути подоцна со Протуѓер каде јас го раскажувам разговорот со Илија. Ова е доказ дека не се сите разговори доставени и дека треба да се потврди автентичноста, рече Јанакиевски.

Обввинителката на СЈО, Лиле Стефанова рече дека таа чита онака како што било напишано на ЦД-та што до специјалното обвинителство биле предадени и негираше дека воопшто споменала време во кое што биле обавувани разговорите.

Одбраната и претходно бараше „бомбите“ воопшто да не бидат пуштени и ги оспори како валиден  доказ.

Судот ги одби сите барања на одбраната а судечкиот судија Осман Шабани рече дека по преслушувањето на „бомбите“ судот соодветно ќе ги цени како докази.

За предметот „Титаник“, СЈО има поднесено 5.910 материјални докази и предложено 191 сведок.

Обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.

Следното рочиште е закажано за во понеделник.

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.