Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тивкиот бојкот на врвот, гласно го објавија пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

1
By Соња Петрушевска on September 20, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дваесетина пратеници од ВМРО ДПМНЕ на своите фесјбук профили објавија постови во рок од само неколку часа во кои пишуваат дека нема да гласаат за уставните измени во Собранието кои се предвидени со Договорот со Грција, без разлика каков ќе биде исходот на референдумот. Иако содржината на постовите не е идентична, пораката кај сите е иста – нема да поддржат промена на Уставот на државата со цел промена на Уставното име на Република Македонија. Најголем број од нив воопшто не го поврзуваат исходот од референдумот со одлуката да се гласа во Парламентот, туку се изјаснуваат  дека нема да гласаат за уставните измени.

Меѓу пратениците кои објавија вакви постови на своите фејсбук профили се Владимир Ѓорчев кој пишува дека договорот со Грција е лош,отвора уште многу прашања и простор за нови блокади. „Јасен е ставот на народот, гласачите и членството против најавените измени за промена на уставното име на Република Македонија. Секако дека Македонија треба да биде членка на ЕУ и НАТО. Македонија тоа одамна го заслужува, а ВМРО-ДПМНЕ беше првата партија во независна Македонија која ги промовираше евро-атлантските интеграции. Членството на Македонија во НАТО и ЕУ, заедно со стратешкото партнерство со САД, остануваат приоритет на нашата надворешна политика“ пишува Ѓорчев кој на крајот од својот пост најавува дека тој како пратеник нема да гласа за уставните измени.

Пост со слична содржина објави и Јохан Тарчуловски кој напиша: „Се колнам во  Бога, во верата и во својата татковина Македонија, дека безусловно ќе го почитувам и штитам македонскиот Устав, дека нема НИКОГАШ да гласам за негово менување и без приговор ќе ги извршувам заповедите на македонскиот народ, чиј народен избраник сум во македонскиот парламент. Во спротивен случај, нека бидам убиен од еден од моите собраќа Македонци со револверот или камата што овде ги целивам!“ напиша Тарчуловски.

Пратеничката Ане Лашкоска напиша  дека поставените прашања на референдумот не заслужуваат одговор, а пратеникот Зоран Илиоски објави дека „како пратеник, немам ниту мандат, ниту овластување, а ни лична намера, да гласам за било какви измени во Уставот со кои би се променило уставното име на мојата Татковина – Република Македонија“.

Пратеникот Трајко Вељановски кој не е активен на социјалните мрежи сега се огласи на Фејсбук со порака дека нема да излезе на референдумот и очекува да апстинираат и мнозинството граѓани.

НОВА ТВ се обиде да стапи во контакт со поголем број од пратениците кои ги објавија постовите на своите фејсбук профили, но ниту еден од нив не сакаше да коментира.

Тивкиот бојкот сега преку пратеничката група добива и гласност коментира за НОВА ТВ  Ѓулистана Марковска, поранешна пратеничка на ВМРО ДПМНЕ.

„Ваквите постови значат дека тие добиле задача од партијата да го не го притиснат копчето, без разлика каков ќе биде исходот на референдумот. Ако се повикуваат на народот, треба да почекаат да видат каков ќе биде ставот на народот и граѓаните од нивната изборна единица, па да се изјаснат. Целта е со ова е да се зголеми притисокот врз нивните гласачи да не излезат на референдумот и бојкотот да биде помасовен. Во државата во моментов имаме предизборна атмосфера – ВМРО ДПМНЕ води кампања дека ништо не чини и од народот бара да си го каже своето мислење, ако може  седејќи во папучи дома“ вели Марковска.

Во овој контекст, Марковска прашува каков ќе беше исходот ако на рефрендумското прашање се додадеше: Доколку рефрендумот биде позитивен, ВМРО ДПМНЕ ќе се врати на власт“ – тогаш сите ќе излезеа на гласање констатира таа. Марковска ја поставува и дилемата како ќе постапи партискиот претседател Христијан Мицкоски – ако излезе на гласање, тоа ќе значи дека е на различна позиција со пратеничката група, а ако не излезе ќе ризикува дистанцирање од меѓународната заедница.

Партиското раководство на ВМРО ДПМНЕ отворено ги подржа пратенициите за јавно изразениот став дека нема да гласаат за уставни измени.

 

„Пратениците се најсилниот дел од ВМРО-ДПМНЕ. Тие ја чувствуваат вибрацијата на граѓаните. Тие се во секојдневна комуникација со граѓаните и штом решиле дел од нив вака јавно да го кажат својот став, значи дека тоа е она што го добиваат како повратна реакција од нив и сакаат тоа да го пренесат. Тоа е апсолутно за почит“ кажа Александар Николовски, потпретседател на ВМРО ДПМНЕ на денешната прес конференција.

 

За дел од партиското членство исто така нема дилема дека ваквиот настап на некои од  пратениците на ВМРО ДПМНЕ е јасен знак дека директивата стигнала од еден центар, уште повеќе што сите објави беа постирани во ист ден. За нив е некоректно, првично да се излегува со став дека „секој треба сам да одлучи како ќе постапи на рефрендумот“, а потоа да се координираат вакви објави кои јасно повикуваат на бојкот. Партиски извори велат дека индикативно е  што само неколку часа по постовите на пратениците, кои беа масовно споделувани со пораки за бојкот, почнаа во голем број  да се објавуваат и погрдни коментари за оние пратеници кои не објавија вакви постови на своите фејсбук профили.

„Намерно се прави раздор и поделби на патриоти и предавници“ велат партиски членови кои сакаат да останат анонимни.

На партиската одлука да не се повикуваат граѓаните да гласаат на референдумот, туку да се остави секој сам да одлучува,  се спротистави партискиот потпретседател Митко Јанчев кој кажа дека ќе гласа на референдумот против Договорот и членот на Извршниот Комитет Константин Богданов. И поранешниот вицепремиер Никола Тодоров се изјасни дека ќе гласа на референдумот на свое прашање, како и членот на Советот на град Скопје, Владо Поповски.

За да се изгласаат уставните измени потребно за нив да гласаат две третини од пратениците односно 80 пратеници. ВМРО-ДПМНЕ има 42 пратеници во Собранието.

 

 

бојкот ВМРО-ДПМНЕ Марковска пратеничка група уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.