Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ТМ: Апел до Катастар да се избришат неважечките хипотеки

0
By Нова ТВ on July 11, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Транспарентност Македонија“ денеска излезе со апел до Катастарот да ја исправи грешката, со оглед на фактот што стотици и илјадници веќе избришани хипотеки повторно се појавуваат во имотните листови.

До ТМ дошле голем број поплаки од загрижени граѓани за намерна или случајна грешка во Агенцијата за катастар на Република Македонија:

-Во изминатите неколку недели голем број револтирани граѓани го искажaa своето незадоволство од непријатната ситуација во која се нашле обидувајќи се да извадат имотни листови за недвижностите коишто ги поседуваат.

Имено, при обидот да дојдат до нов имотен лист за својата недвижност, многумина се запрепастени од фактот што нивниот имот, од засега непознати причини, е оптоварен со впишани фиктивни хипотеки кои датираат и од далечните 1990-ти години, а таквите хипотеки или воопшто не постоеле или биле уредно избришани од имотните листови во изминатите две децении, по отстранувањето на хипотекарните обврски.

Во Агенцијата за катастар, граѓаните биле упатени да поднесат барање за исправка на „техничка грешка“ во имотните листови. За да го сторат тоа, граѓаните треба да поседуваат соодветни докази.

Поради фактот што хипотеките коишто се јавуваат се од пред повеќе од 10-15-20 години, голем дел од граѓаните или не ги чуваат потребните документи и потврдите од тоа време, или тогаш имотот воопшто не бил во нивна сопственост, па следствено на тоа не можат да докажат дека станува збор за „техничка грешка“.

Административните такси и трошоците за нотарските или, во одредени случаи, дури и
адвокатските услуги паѓаат на товар на граѓаните, како и бројните компликации со купопродажните трансфери на имотите и пронаоѓањето на претходните сопственици и документацијата за одредени случаи дополнително ја компликуваат целата ситуација, вели ТМ.

„Транспарентност Македонија“ укажува дека е недозволиво изложувањето на граѓаните на непредвидени и непотребни трошоци, како и на низа од бирократски процедури и, често,
нерешливи правни ситуации, предизвикани од непрофесионалноста, неажурноста и некапацитетноста на Агенцијата за катастар на Република Македонија.

Ваквите состојби доведуваат до оневозможување и/или до ограничување на слободното располагање со недвижностите на граѓаните, за кои тие трпат материјална и нематеријална штета, за што тие можат да поведат соодветна судска постапка за утврдување на одговорноста и надомест на штета.

ТМ бара од надлежните органи да утврдат кој ја сноси одговорноста за овие сериозни административни пропусти, особено со оглед на фактот што Агенцијата за катастар претставува сериозен кадровски „инкубатор“ на владејачката партија за пополнување и на највисоки државни функции.

Исто така, ТМ бара јавно да се објасни дали овие „технички грешки“ не се настанати како уште еден начин на кој Владата ќе собере дополнителни средства во Буџетот на државата за спроведување на својата расипничка политика, вели ТВ во соопштението.

Сепак, Катастар за НОВА даде изјава во која вели меѓу другото дека се неосновани овие иобвинувања на ТМ:

Неосновани се обвинувањата на Транспарентност Македонија дека катастарот направил грешка, Катастарот согласно законот изврши обединување на двете евиденции на едно место и не смее да брише хипотеки доколку нема соодветен акт согласно Законот за договорен залог и Законот за катастар на недвижности, вели Катастар.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.