Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ТМ: Невработеноста е намалена со бришење од евиденција

0
By Нова ТВ on October 10, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од податоците на Агенцијата за вработување на Република Македонија и Државниот завод за статистика на РМ, може да се заклучи дека невработеноста во Макеоднија не е намалена како резултат на отворање нови фирми и создавање нови работни места, туку во најголем дел се должи на отстранување на лица од евиденцијата на невработени по административен пат, заклучуваат од Транспарентност Македонија. Еве го нивното образложение:

– За 2007 и 2008 г. Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ) врз основа на анкета го има утврдено бројот на лица кои се пријавуваат во агенцијата за вработување за да користат надоместок за здравствено осигурување, а не бараат работа, и тоа: за 2007 вкупно 75.508 лица или 21,1% од невработените; и за 2008 г. 71.589 или 20,9% од невработените.

– Ваквата евиденција на АВРМ траеше само две години, бидејќи врз основа на Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување (Службен весник на РМ бр. 64/2009) и Законот за изменување и дополнување на Законот за здравствено осигурување (службен весник на РМ бр. 67/2009) почнувајќи од 1 јуни 2009 г., привремено невработено лице додека прима паричен надоместок од осигурување во случај на невработеност и невработено лице кое активно бара работа и кое се пријавува во АВРМ, доколку нема друг основ на осигурување, правото на задолжително здравствено осигурување го остварува преку Фондот за здравствено осигурување на Македонија, кој е обврзник за пресметка и уплата на придонесот за задолжително здравствено осигурување.

– Со пренесување на задолжителното здравствено осигурување во надлежност на Фондот за здравство, во AВРМ во голема мера се исчистија оние лица кои основен мотив да се пријават како невработени им беше правото да остварат здравствено осигурување. Така, во АВРМ се зголеми бројот на пријавени невработени лица кои активно бараат работа и кои сакаат да работат. Исклучок се лицата кои се водат во евиденцијата на невработени, а не бараат работа, бидејќи се корисници на одредени права во случај на невработеност кои ги оствариле врз основа на закон, и тоа: стечај, сезонци, технолошки вишок од работен однос, технолошки вишок од 25 загубари, технолошки вишок од 12 загубари, технолошки вишок од државна и јавна администрација и технолошки вишок од Македонски железници.

– Очевидно е дека бројот на невработени е драстично намален, пресметано во однос на претходната година и тоа, во 2011 за 40.197 лица (или за 12,5%) и во 2012 г. за дополнителни 37.741 лица (или 13,4%).

– Се поставува прашањето дали намалувањето на бројот на невработените се должи на направените измени во Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување и Законот за здравствено осигурување, со што се отвори множноста лицата кои до тогаш се пријавувале во АВРМ исклучиво заради искористување на правото за здравствено
осигурување, да бидат тргнати од евиденцијата на невработени – или, пак, бројот на невработени е намален поради отворање нови работни места, па дел од невработените поминале во категоријата вработени?

– Од податоците на АВРМ и Државниот завод за статистика на РМ, може да се заклучи дека невработеноста во Макеоднија не е намалена како резултат на отворање нови фирми и создавање нови работни места, туку во најголем дел се должи на отстранување на лица од евиденцијата на невработени по административен пат, врз основа на законите кои претходно ги наведовме, пишува во септемврискиот извештај на Транспарентност Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.