Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„ТНТ“ ќе го збогати Фијат Цаноски уште повеќе, а на штета на буџетот, завршни зборови на екс градоначалникот Трајковски

0
By НОВА ТВ Mitreska on April 28, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Овој судски процес има една единствена цел, да придонесе кон збогатување на оштетениот Фијат Цаноски и да резултира со оштета од буџетот на државата, изјави поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски кој е обвинет во случајот „ТНТ”, процес кој се однесува на уривањето на комплексот „Космос“, сопственост на бизнисменот Цаноски.

– На средба со инвеститорот на објектот „Космос” Фијат Цаноски, тој не негира дека гради нелегално. Јас немам испратено порака до Никола Груевски, ниту сум го контактирал во врска со овој објект и повеќе од јасно е дека не сум бил поттикнат да дејствувам по нечија наредба, вели Трајковски.

Одбраната на поранешниот градоначалник на општина Гази Баба му предложи на судечкиот совет да биде ослободен од обвинението, а судот да ги земе предвид  релевантните докази според кои не може да се најде вина во постапувањето на Трајковски.

Обвинителот Бурим Рустеми вчера, пак, побара затворски казни за обвинетите, а за Јанакиески рече дека тој се извинил, ги потврдил разговорите, а тоа е олеснителна околност, која треба особено да се цени. „Груевски ја злоупотребил функцијата и ја реализирал желбата да му се одмазди на политичкиот противник Фијат Цаноски“, рече Рустеми.

Oбвинетите Груевски, Јанакиески, Трајковски, ја користеле политичката моќ за вршење влијание, а тоа претставува упад во правниот систем , дополни Рустеми според кого во текот на судскиот процес се докажало дека изјавата на Цановски е вистинита и дека му се одмаздувале на бизнисменот.

За уривањето на „Космос“ обвинети се повеќе лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот премиер Никола Груевски на кој му се суди во отсуство, како и еден градежен инспектор и тројца вработени во општина Гази Баба.
Јанакиески Космос ТНТ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.