Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ТОЧКА НА ТОПЕЊЕ: Уметноста како анти-хегемониска пропаганда

0
By Нова ТВ on July 7, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Изложба на Кооперација насловена како ТОЧКА НА ТОПЕЊЕ: Уметноста како анти-хегемониска пропаганда се отвора на 07. 07. 2014 (понеделник), од 20:30 ч.Локација: Бул. „Св. Климент Охридски“, бр. 60А, Скопје. Изложбата ќе биде отворена секој ден од 18-22 часот, до 12 јуни (сабота).

Уметниците кои партиципираат во оваа изложба се Виталиј Комар, ИРВИН, Сантијаго Сиера, Детекст (Раул Мартинез и Валентин Дучеа), Немања Цвијановиќ, Ибро Хасановиќ, Кристина Горовска и Јуре Лаврин, Инес Ефремова, Владимир Лукаш, Никола Узуновски, Филип Јовановски, Ѓорѓе Јовановиќ, Игор Тошевски, ОПА, Владимир Јанчевски.

Во време кога се прават напори да се одржи идејата за плурализмот, радикалниот дисбаланс во односот на силите со кои располагаат различни поединци и групи претставува еден од основните проблеми при обидите за разрешување на различни конфликтни ситуации, осбено во општества во кои на сцена стапуваат опции кои ја застапуваат и пропагираат неопходноста од беспоговорно заедништво и унификација.

Еден од главните концепти во политичката теорија на Антонио Грамшие токму хегемонијата и нејзините механизми. Успехот на доминантните класи во наметнувањето на нивните сопствени дефиниции за реалноста и нивниот поглед на светот како здраворазумски, врз сите останати, според Грамши, ја дефинира суштината на она што го нарекуваме хегемонија.

Несомнено е дека успешноста ваквото становиште де се наметне какоединствен можен дискурс за перцепирање на светот, во голема мера се постигнува токму со моќта на пропагандата.

И покрај сета претпазливост со која многумина приоѓаат, станува сè појасно дека уметноста поседува важна политичка димензија. Уметноста, некогаш е орудие за одржувањето на дадениот симболички поредок, но често и како сила која активно учествува во рушењето и деконструкцијата на истиот.

Современиот уметник, кој е свесен дека неговата автономија е општествено условена, неизбежно се наоѓа во најусвитената зона.

Без оглед на тоа која стратегија ќе се одбере, на крајот се поставува прашањето: може ли уметникот да возврати на притисокот, да се обиде да ја одржи температурата на ниво на точката на топење и да се избори за својатапозиција и неопходна состојба на ликвидност/флуидност?

Изложбата „Точка на топење: Уметноста како анти-хегемониска пропаганда“ ги истражува точките на преклопување на уметноста со пропагандните механизми, обидувајќи се истовремно да даде критички осврткон ефектите што разни општествено-историски ситуации го имаат врзперцепирањето на релацијата уметност и политика.

Изложбата е збир од индивидуални рефлексии, критики и реакции наеднонасочните инструментализирачки механизми и централизираните културни политики, преку (зло)употреба на типичните стратегии на доминантните идеологии кои постојано се обидуваат да ги задржат и зацврстат своите позиции, како и улогата на уметноста во нивното омекнување.

Со оваа изложба Кооперација има чест да биде домаќин на неколку странски уметници со исклучително плодна и квалитетна продукција од меѓународно значење. Некои од нив, по прв пат ќе бидат претставени на домашната публика. Во прилог Ви испраќаме кратка информација за нив.

Виталиј Комар е роден 1943 во Москва, а од 1978 година живее и работи во Њујорк. Тој е еден од основачите на Соц-арт движењето и еден од пионерите на т.н. мулти-стилистички постмодернизам. Комар е еден од главните протагонисти на легендарната „Булдожерска изложба“ од 1974 година. Создавал во соработка со неговиот долгогодишен пријател Александар Меламид до 2003 година. Значењето на делата на Комар е потврдено во сите релевантни прегледи на историјата на уметноста по 1960 година. Неговите дела се застапени во голем број значајни музеи во светот (Гугенхајм, Метрополитен, Витни, МоМА во Њујорк, Третјаковската галерија во Москва итн.).

Групата ИРВИН е основана во 1983 година во Љубљана и ја сочинуваат пет уметници од Словенија: Душан Мандиќ, Миран Мохар, Андреј Савски, РоманУранјек и Борут Вогелник. ИРВИН, заедно со Laibach и Gledališče sester Scipion Nasice, е со-основач на организацијата NSK (Neue Slowenische Kunst)и на NSK State in Time. Нивните дела се базираат на концептот за „ретрогардизам“ кој подразбира рециклирање на симболи, слики, филозофски идеи од минатото, особено оние што биле употребувани од државниот апарат со цел да акумулираат моќ и да се одржат на власт. Изложувале на многу места во Европа и САД, и на манифестации како Манифеста, Венециското Биенале итн.

Сантијаго Сиера е еден од најпознатите и најпровокативните шпански уметници. Во своите дела тој често се фокусира на структурите на моќ коиделуваат во нашиот секојдневен живот. Неговите дела често се во тензија во реалација со гледачот, кој е изложен на она што може да се опише како формална и поетска артикулација на гласот на сите оние кои се вообичаеномаргинализирани или обесправени.

Detext е уметнички колектив формиран од Валентин Дучеа и Раул Мартинез.Живеат и работат во Њујорк и во Берлин. Нивните дела биле изложувани во повеќе различни институции и биеналиња во Европа и во САД, вклучувајќи го и Greater New York на MoMA PS 1 и Apexart во Њујорк, St. Etienne биеналето, миланското триенале и International Roaming биеналето во Белград, Лондон и Техеран.

Немања Цвијановиќ е хрватски уметник кој дипломирал на Accademia di Belle Arti di Venezia, а магистрирал на l’Università di Architettura, I.U.A.V. во Венеција. Ги користи речиси сите медиуми и техники на визуелната и изведувачка уметност. Неговиот фокус е преиспитувањето и откривањето на механизмите на производство, манипулација и истрошувањето на значењатаво пост-модерната култура и се базира на критичен став кон идеолошките и естетските вредности на модернистичката култура и општество.

Ибро Хасановиќ е босански уметник кој моментално живее и работи во Приштина. Студирал индустриски дизајн на Сараевската академија и современа уметност и филм во Le Fresnoy – Studio National des Arts Contemporains во Франција. Работи филмови, видео, фотографии и инсталации.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.