Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тодоров бил разочаран, но не чувствувал одговорност за смртта на Тамара

0
By Менче Атанасова Точи on February 10, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Министерот Тодоров бил многу разочаран, но не чувствувал одговорност за смртта на малата Тамара, бидејќи како што рече направил се за девојчето да отпатува на операција во странство. По еден ден молк, Тодоров се појави во јавноста на отварање на логопедски центар во поликлиника Букурешт. Не кажа ниту збор за одговорност или оставка.

Вината сега се префрла на тимот од лекарите од Турција кои требало да се состанат и да закажат термин за операција, без да се објасни што се чекало цели три години.

„Чувствувам разочарување, но морам да објаснам дека не сум јас тој кој одолговлекував. Кога слушнав за овој случај кој навистина ме погоди ја викнав директорката на Фондот и таа се заложи, се најдоа средства. Беше повикан еден од врвните хирурзи за спинална хирургија од Турција кој рече дека операцијата не може да се изведе во Македонија и предложи да ја направи тим од експерти од различни болници Во Турција.Терминот требаше да биде одреден овие денови 8-ми или 9-ти февруари, за жал не издржа. Мислам дека се што беше во моја моќ да направам, направив дури повеќе од тоа, но, очигледно не било доволно Жалам за овој немил настан и искрено сочувствувам со семејството“, изјави министерот Тодоров.

Но, голготата на малата Тамара траеше цели три години, не само овие два месеца откако се заложил министерот. Нејзиното семејство безуспешно се обидуваше да ја добие битката со институциите и со лекарските комисии кои го одбиваа девојчето со образложение дека не се исцрпени сите можности во државата за лекување.

Иако и во Фондот и министерот Тодоров тврдат дека лекарите не нагласиле дека случајот е итен, на документите на малата Тамара од лекарскиот конзилиум кои биле издадени на 28-ми април минатата година стои дека е потребно итно лекување во странство. Тодоров не е информиран за ова и вниманието на јавноста го свртува за моментите, откако тој лично се заложил за случајот во последните два месеца.

„Јас ви кажав како се одвивал случајот откако јас се вклучив и како јас се заложив. Инаку, другиот дел од претходно треба да се испита дали имало итност , ако немало зошто немало итност, ако имало зошто не е постапено, тоа треба да се испита“, рече Тодоров.

Во Хелсиншкиот комитет кои ја имаат медицинската документација на Тамара потврдија дека во документите на Тамара стои дека треба итно лекување во странство.

„На 28-ми април минатата година е поднесено барање за лекување во странство каде е потенцирано дека се исцрпени сите можности за лекување во државата и дека е потребно итно лекување во странство“ велат во Хелсиншкиот комитет.

Од таму веќе најавија кривични пријави за членовите на Управниот одбор и директорката на Фондот за здравство за несовесно работење, а доколку постои согласност од родителите ќе поднесат предлог за кривично гонење против одговорните во Министерството за здравство.

И покрај тоа Првостепената комисија во Фондот го одбила барањето во април, а тоа го сторила и второстепената комисија во октомври. Под притисок на медиумите еден месец подоцна министерот најави дека случајот ќе се реши позитивно и дека државата ќе го плати лекувањето на малата Тамара во странство. Но, семејството решението од комисијата никогаш не го доби. Се остана на усно ветување и лични заложби на надлежните.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.