Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тодоров: Формирав комисија за да го испита случајот во Градска болница

1
By Менче Атанасова Точи on October 16, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Министерот за здравство Никола Тодоров формирал Комисија која треба да ја испита причината за смртта на 25 годишниот Влатко Трпевски, кој почина на 17 август неколку часа по приемот во Градската хуруршка болница„ Св. Наум Охридски“. Тој нагласи дека лично се заинтересирал за случајот, но дирекорката на болницата Јасминка Чабуковска го информирала дека семејството уште вечерта кога починал потпишале да не се прави обдукција.

-Директорката ме информира дека семејството потпишале да не се врши обдукција, а тоа е единствениот начин да се открие причината за смртта. Во ситуација кога обдукција е одбиена, комисијата само треба да ја процени документацијата, изјави Тодоров.

Тој рече дека не е точно, дека родителите потпишале да не се врши обдукција утредента, откако не го пронашле телото во Судска медицина и Патологија, туку уште вечерта кога починал за време на операцијата.

-Не е точно тоа, вие веќе сте го испитале случајот, но очигледно погрешно, одговори Тодоров на новинарката на НОВА.

Но, на министерот Тодоров очигледно не му е познато дека во случаи кога смртта настапила за време на интервенција, како што потенцира еминентниот професор Алексеј Дума, семејството воопшто не се прашува, а обдукцијата е задолжителна.

Според законската процедура болницата била должна да го извести јавниот обвинител или дневниот оперативен центар во МВР, во спротивно тоа е прикривање на кривично дело, потенцира директор на Институтот за судска медицина, Алексеј Дума.

-Не ми е познат случајот, но можам да кажам дека, кога смртта не е јасна и настапила во текот на терапевтска или дијагностичка интервенција, судско медицинска обдукција е задолжителна, дециден е професорот Дума. 

Семејството Трпевски потенцираа дека вечерта кога им било соопштено дека синот одненадеж почина за време на операција, тие биле во шок, а мајката дала усна согласност да се направи обдукација бидејќи така ја советувал дежурниот лекар, да се види дали имал некоја аномалија што можеби е наследна и ќе претставува опасност и за неговите деца. Утрото телото телото го барале на Патологија, биле и во Судска медицина, а кога увуделе дека не е направена обдукција одлучиле да си го земат од Градска и да го погребаат.

-Маж не потпишал вечерта, иако во документот е наведено така. Сите сме сведоци дека дедото, односно таткото на нашата снаа пристигна авионски од странство некаде пред полноќ , а таму стои дека и тој потпишал да не се врши обдукција иако не е член на семејството, изјави денеска за НОВА, Марија Трпевска мајка на починатиот Влатко.

Таа со сите документи во рака се упати во Министерството за здравство, и како што рече има докази кои можат да го расветлат целиот случај доколку во оваа институција бидат заинтересирани да ја сослушаат и да ги примат документите.

Трпевски уште пред месец и половина поднеле барање до Министерство, да се испита дали има пропусти во лекувањето и да им се одговори, од што починал нивниот син. Откако НОВА ја објави сторијата министерот Тодоров формира комисија за да го испита случајот.  

Семејството Трпевски тврди, дека смртта на нивниот син е обвиткана во мистерија, со многу нејаснотии. Тие сакаат да знаат што се случувало од моментот кога бил задржан на лекување, за време на операцијата на која што починал, потоа зошто се криеле резултатите од патологија. За нив е нејасно, зошто отпусната листа ја добиле дури по два месеци, но и од кои причини не е направена обдукција веднаш, која во вакви случаи е задолжителна со закон. Еве ја сторијата за смртта на 25-годишниот Влатко Трпевски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.