Поранешниот министер за здраавство Никола Тодоров, вечерва во неговото гостување во емисијата „Само вистина“ им се извини на жените поради Законот за абортус.
Тодоров своевремено тврдеше дека Законот за абортус бил најлиберален во Европа, а граѓаните организираа протести за укинување на тој Закон.
Законот беше донесен во 2013 година, во отсуство на пратеничката група на СДСМ. Тогаш пратениците од тогашната власт го изгласаа Законот за абортус со 62 гласа „за“.