Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тодоров: Нема да одговарам на други прашања, има време и утре и задутре

0
By Менче Атанасова Точи on August 27, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Министерот за здравство Никола Тодоров денеска не одговори зошто е затворена болничката кујна во Гостивар и зошто се дозволува храна на пациентите да им се носи од дома.

Затоа пак, на прес конференцијата пред новинарите зборуваше за отварање на Слободна здравствена зона и развивање на здравствен туризам, концепт кој ќе започнел да се реализира после три години.

„Денеска нема да одговарам на други прашања освен на тие поврзани со темата, има време и утре ќе има прес конференција и задутре, одговори Тодоров и веднаш ја напушти прес конференцијата.

Новинарите останаа без одговор дали генотипотипот од бактеријата Листерија која е пронајдена во полнилка на фирмата “Пекабеско”, фирмата која го снабдувала концесионерот на болничката кујна со месни производи, е иста како кај некои од заболените и починатите.

Дали има нови пријавени случаи на Листерија од Гостивар? Остана неодговорено и што покажале резулатите, дали генотипот на бактеријата изолиран кај девојката од Неготино е ист како во свинскиот врат на Екстра меин или пак, се работи за зараза од друг производител.

Овие резулати требаше да бидат готови уште минатата недела.

Во време кога во државата беснее жолтица, а луѓе умираат од опасната бактерија Листерија, министерот промовираше проект за Слободна здравствена зона по примерот на Јужна Кореја, Турција и Дубаи за привлекување на странски инвеститори за отварање кои треба да се заинтересираат да отвараат болници во чиј состав ќе има и Медицински факултет на англиски јазик.

Странските инвеститори, според концептот кој е предвиден за 2017 година, треба добијат поволности и десетгодишни ослободувања од данок и царински давачки..

Во првите 10 години македонските пациенти нема да имаат право да се лекуваат во овие болници.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025
ФОКУС

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

ВЕСТИ November 6, 2025

Претставнички од иницијативата „Сите за Палестина“ денес имаа средба со претседателката Гордана Силјановска Давкова, во…

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025
ТИКЕР

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.