Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тодоров прво ги награди лекарите-сега закани за затвор

0
By Менче Атанасова Точи on May 10, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Министерот за здравство Никола Тодоров ја стопира исплатата на наградените 100 доктори, бидејќи откриле дека многумина ги лажирале податоците. Се чешлаат и другите здравствени установи, а над 70 проценти од докторите во градска болница внесувале лажни податоци.

Од највредните фатен е еден лекар кој запишувал дека сработил повеќе од своите колеги, а инспекциите ги проверуваат бодовните листи на останатите од ТОП 100 лекари на Тодоров.

Лажирањето на податоците го пријавиле двајца лекари, нивни колеги, кои реално ги внесувале своите податоци тврдат во Министертвото за здравство. Контролите во Градската општа болница “8 Септември“ пак покажала дека над 70 проценти од докторите внесувале лажни податаци, односно запишувале повеќе интервенции од она што го сработиле. Интензивни контроли денеска се вршат и во старата градска болница.

„Она што можам е да апелирам до лекарите до 14 мај да ги внесат точните податоци, на 15 мај е исплата на платата, а на 16 ќе влезат инспекции во сите здравствени установи. Доколку се утврди дека некој внесол лажни податоци, ќе бидат поднесени кривични пријави против нив. Паралелно директорите ќе поведат дисциплински постапки и тие што не се коригирале ќе бидат суспеднирани, а епилогот може да биде отказ од работа изјави Министерот Тодоров.

Ова е првиот квартал од исплата на платите според проектот „плата по учинок“како што беше договорено со синдикатот за здравство. Лекарите во изминатите три месеци ги запишуваа бодовите и се тркаа за да остварат плата предвидена според проектот.
Епилогот е дека најголем дел од нив ги лажирале податоците со што сториле сериозно кривично дело. Министерсвото најавува кривични пријави, парични казни, а за поголеми прекршоци и затворски казни од три месеци до три години.

– Ова е уште еден доказ дека проектот „плаќање по учинок“ не може да функционира во македонскиот здравствен систем од причина што лекарите имаат ограничен број на интервенции, а со тој број реално не можат да си го остварат месечниот приход. Затоа и се случува ова коментираат лекари од скопскиот клинички блок.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.