„Морам да изразам разочарување од односот и кампањата на мојот против кандидат Андреј Жерновски. И во првиот круг, а и сега тој се служи со крајно ниска кампања, со лаги и измислици, обидувајќи на тој начин да изманипулира со гласачите“, изјави Владимир Тодоровиќ кандидат за градоначалник на општина Центар од коалицијата „За подобра Македонија“.
Според него самиот факт, што Андреј Жерновски се одлучи да лаже за работи кои се
лесно проверливи и достапни за јавноста и медиумите говори за неговиот страв
дека ќе ги изгуби изборите, поради кој Жерновски е нервозен и вака бесмислено реагира.
„Очекуваме победа во вториот изборен круг. Г-нот Жерновски го повикувам да води позитивна кампања, а конечниот победник во Центар ќе го одлучат граѓаните за помалку од две
недели“, вели Тодоровиќ.