Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тодоров:Концесијата ќе го подигне нивото на дијализата

0
By Нова ТВ on July 14, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фирмите ОРКА Холдинг и Метроплитен кои ќе стопанисуваат во наредните 20 години со дијализата во државата се обврзани да ја следат динамиката на порастот на платите на вработените кои ќе преминат да работат во приватниот сектор. Доколку сакаат да се вратат назад во јавното здравство тоа треба да го направат во рок од две години најавил денеска миниситерот за здравство Никола Тодоров.

-Концесионерот има обврска да им понуди да преминат во приватизираните центри, доколку тие не се согласуваат ќе останат да работат во јавните здравствени установи. Оние што ќе се согласат ставиме одредба дека концесионерот се обврзува да ја следи динамиката на пораст на платите. Платата која што ќе биде договорена не може да биде пониска, тоа е прашање кое ќе биде договорено меѓу концесионерот и вработените. Има уште една одредба да можат во рок од две години без распишување на огласи да може да се вратат повторно во јавните установи изјави Тодоров.

Концесионерите треба да изградат и нови простории за дијализа, а старите целосно да ги реконструираат.

-Најповолните понудувачи кои ги добија лиценците со важност од 1-ви јануари наредната година меѓу другото се обврзани да ги заменат сите нефункционални столови за дијализа постари од седум години, да обезбедат транспорт до центрите за дијализа во секој регион, да ги заменат старите апарти за дијализа, да понудат вработување во редовен работен однос на постојниот медицински кадар како и да ги следат и имплементираат сите нови достигнувања во медицината за третман и лекување на болните изјави министерот Тодоров.

Тој додава дека концесионерите ќе бидат задолжени да обезбедат 24 часовна приправност во центрите односно доколку на пациентот му е потребна дијализа надвор од работното време, тие да му бидат на располагање и да нема потреба болниот да се транспортира до скопските клиники за да му биде направена дијализа.

Двете фирми Метрополитен и Орка Холдинг добија по две лиценци за по два региони. Метрополитен ги доби скопскиот регион и регионот на источна Македонија кои ги опфаќа Куманово, Крива Паланка, Куманово, Делчево, Кочани, Струмица, Гевгелија и Штип.

Орка Холдинг ќе раководи со центрите за дијализа во југозападниот и полошкиот регион.

Одговарајќи на новинарско прашање за Ценатрот за дијализа во Струга каде вработените не сакаат да одат под концесија, Тодоров одговори дека таму под концесија ќе биде даден само амбулантскиот дел, а не и хоспиталниот.

-И ова беше резултат на шпекулациитедека вработените мора да преминат кај концесионерот, што е веројатно намерно креирано одговори Тодоров.

Сепак, тој не објасни зошто не биле прифатени забелешките на Здружението на бубрежно болни Нефрон и зошто тие не биле вклучени во процесот на изработка на Јавниот повик.

Од Нефрон се оградуваат од секаква одговорност доколку концесинерите не си ги исполнат во целост обврските или доколку дојде до несакани последици по сигурноста и здравјето на пациентите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.