Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Томан: Преговорите со Северна Македонија да почнат што е можно побрзо, ги поддржуваме сите вклучени во разговорите за изнаоѓање решение

0
By НОВА ТВ Balaban on September 30, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Одлуката за почеток на преговори веќе е донесена од страна на Советот на ЕУ, и сега треба да дојдеме до решение за усвојување на Преговарачката рамка, и ова е само прашање на време. Ова е ставот на Чешка по ова прашање, рече Томан

Амбасадорот на Чешка во земјава, Мирослав Томан, изјави денеска дека преговорите со Северна Македонија и со Албанија треба да почнат што е можно побрзо. Тој, одговарајќи на прашањето на МИА дали можеме да очекуваме решение со Бугарија до крајот на годинава, имајќи ги предвид и посетите на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и на еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, кој во текот на една седмица ги посети и Скопје и Софија, рече дека овие посети се уште еден доказ за огромните напори на политичарите од ЕУ, како и на двете влади, под претседателството на Словенија, за да се дојде до решение за почеток на преговори со Скопје и Тирана.

– Одлуката за почеток на преговори веќе е донесена од страна на Советот на ЕУ, и сега треба да дојдеме до решение за усвојување на Преговарачката рамка, и ова е само прашање на време. Ова е ставот на Чешка по ова прашање, и се надевам дека ова е позицијата на целата ЕУ оти Северна Македонија и Албанија треба да ги отпочнат преговорите што е можно побрзо. Правиме се за да се дојде до решение за почеток на преговори. Се надевам дека ова ќе вроди со успех и дека ќе видиме резултати пред крајот на годинава, оцени чешкиот амбасадор.

Тој потсети дека Чешката Република целосно ја поддржува Северна Македонија од самиот почеток на процесот на пристапување во Европската Унија.

– Сметам дека сите овие посети на европски претставници, се уште една потврда дека Северна Македонија има силна поддршка од европските држави и прашањето не е дали, туку кога ќе се случи тоа. И сите се надеваме дека тоа ќе се случи што е можно поскоро. Исто така, треба да бидеме реалистични, знаеме дека во Бугарија има техничка влада и тоа го отежнува изнаоѓањето решение, но ние не се предаваме, рече Томан.

Амбасадорот посочи дека даваат силна поддршка на сите оние кои се вклучени во разговорите за изнаоѓање решение меѓу Скопје и Софија.

– Нашата позиција е преговорите да започнат што е можно побрзо, со надеж пред крајот на годинава. Нашите колеги од Словенија работат напорно, претходното претседателство со ЕУ, исто така ги вложи сите напори за ова прашање и треба да постигнеме договор за ова прашање, посочи чешкиот амбасадор Томан. 

Претседателката на ЕК, Фон дер Лајен, и еврокомесарот за проширување Вархеји оваа седмица го посетија Скопје. Фон дер Лајен изрази уверување дека е можно надминување на блокадата од Софија и одржување на првите меѓувладини конференции со Северна Македонија и Албанија до крајот на годинава. Вархеји, пак, вчера на Твитер напиша дека со премиерот Зоран Заев разговарале како да го придвижат напред процесот на проширување преку отворање преговори со Северна Македонија и со Албанија.

 

 

 

Амбасадорот Мирослав Томан Чешка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.