Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тони замрзнато пилешко од Полска за малку ќе „долетало“ на македонските трпези

0
By НОВА ТВ Balaban on June 8, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Станува збор за 33. 898 килограми храна, од кои 3.108 килограми храна за домашни миленици по потекло од Полска (пратката е вратена заради нерегистриран извозник), 17. 840 килограми замрзнато пилешко месото потекло од Полска (пратката е вратена поради тоа што потекнувала од регион кој е забранет за увоз) и 12. 959 килограми замрзнато пилешко месо по потекло од Полска. 

Тони замрзнато пилешко месо од забранети региони од Полска, но и храна за домашни миленици, биле забранети за увоз во земјата од страна на инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство од јануари до мај годинава. А по нивен налог, уништени се и повеќе од 2,7 тони небезбедна храна: 15 килограми мелено месо, 2. 450 килограми шунка, сос за пилешко месо, 4.5 килограми други производи, но и пилешки месен нарезок, крекери, кубети, пиво.

Со вакви фрапантни бројки, граѓаните во Македонија вчера го одбележаа Светскиот ден на безбедна храна – 7 јуни, а за среќа, од јануари досега нема пријавени случаи на труење со храна.

За тоа дали во Македонија јадеме безбедна храна, првиот човек на Агенцијата за храна и ветеринарство, Никола Бабовски, за НоваТВ одговара:

– Генерално, граѓаните во Република Северна Македонија јадат безбедна храна, иако, исклучоци секогаш се можни. Освен контролите кои ги спроведуваат надлежните инспекциски органи, неминовно е и самите потрошувачи, како и операторите да водат сметка за безбедноста на храната. Тие треба да бидат добро информирани и едуцирани за безбедносните ризици кои се однесуваат на храната. Во прв ред храна да купуваат од регистрирани и одобрени оператори кои се вклучени во безбедносниот систем односно кои се под контрола на Агенцијата за храна и ветеринарство. Мора да се води сметка и за начинот на пазарење, но и за подготвување и чување на храната и во домовите, порачува Бабовски.

За тоа што содржеле трите пратки од увоз со храна од животинско потекло со тежина од 33. 898 килограми, чиј влез во земјава е забранет по налог на Инспекторатот, во периодот од јануари до март, директорот со одговор:

– Во првите три месеци од годинава, нема уништени небезбедни пратки ниту со храна од животинско, ниту со храна од неживотинско потекло. Во истиот временски период, забранет е само влез на три пратки од увоз со храна од животинско потекло (пратките со храна се вратени кај извозникот). Станува збор за 33. 898 килограми храна, од кои 3.108 килограми храна за домашни миленици по потекло од Полска (пратката е вратена заради нерегистриран извозник), 17. 840 килограми замрзнато пилешко месото потекло од Полска (пратката е вратена поради тоа што потекнувала од регион кој е забранет за увоз) и 12. 959 килограми замрзнато пилешко месо по потекло од Полска во овој временски период исто така е вратено кај увозникот, односно не е дозволен увоз во земјава, бидејќи истото потекнувало од забранет регион за увоз, појаснува директорот Бабовски.    

Во врска со тоа зошто биле уништени над 2,7 тони небезбедна храна при постапување на ветеринарите и инспекторите за храна по претставките од јануари до мај годинава и што не било в ред со оваа храна, од Агенцијата појаснуваат: 

– Во првиот квартал од годинава, како небезбедни, постапувајќи по поднесените претставки од граѓани до Одделението за заштита на потрошувачите, инспекторите за храна и официјалните ветеринари на Агенцијата уништиле повеќе од 2,7 тони небезбедна храна од кои: 15 килограми мелено месо  – поради поминат рок на употреба,  2. 450 килограми шунка – поради немање декларација, сос за пилешко месо ( три пакувања) – поминат рок на употреба, 4,5 килограми производи –  со поминат рок на употреба. Исто така, уништени се пилешки месен нарезок, крекери, кубети и пиво поради поминат рок на употреба. А 232,64 килограми месо е уништено бидејќи истото немало декларација, додава Бабовски.

Секторот за инспекциски надзор при АХВ, во првиот квартал нема евидентирано забранети, ниту има поништено небезбедни пратки од увоз со производи и материјали кои доаѓат во контакт со храната.

За тоа на што најмногу и најчесто се жалат потрошувачите, бидејќи во првите пет месеци од годинава има околу 200 претставки за прехранбени производи и кога треба да реагираме како потрошувачи, Бабовски советува: 

– Секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната, граѓаните (потрошувачите) можат да ја пријават лично до Одделението за заштита на потрошувачите при Агенција за храна и ветеринарство, на бесплатната телефонска линија наменета за потрошувачите 0800 3 22 22, или електронски на info@fva.gov.mk.

Љубица Балабан

 

Агенцијата за храна и ветеринарство замрзнато Никола Бабовски пилешко месо
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.